Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Токму затоа, тие ги премолчуваат следниве работи, иако потајно ги мислат…
Во првите децении од неговиот живот, таа била жената која најмногу се грижела за вашиот сопруг, а сега одеднаш нејзината улога е споредна. Дајте ? време да се прилагоди на промената.
Но, тој с? уште е нејзин син. Без разлика што тој пораснал и се оженил, мајчинската грижа и понатаму треба да присутна во неговиот живот.
Дури и најмалите, обични коментари што излегуваат од устата на свекрвите, невестите ги доживуваат како критики и навреди, па затоа мораат многу да внимаваат за да не ги повредат.
Иако можеби не ви се допаѓа нејзиниот подарок за роденден, таа сепак го купила и потрошила време за да го одбере. Заблагодарете ? се искрено.
Мајките/свекрвите честопати им велат на нивните синови дека сакаат да бидат среќни и да имаат убав живот, но ретко кога кажуваат гласно дека и тие самите би сакале да бидат среќни. Сакаат да бидат вклучени, да ги прашувате за совет и да разговарате со нив.
Вашата свекрва знае дека планирате да купите стан, вие знаете дека таа веќе купила и продала неколку станови во нејзиниот живот, а сепак никој не бара совет од неа. Зошто?
Свекрвите доаѓаат за да го видат семејството, а не состојбата на домот. Тие не очекуваат дека станот ќе блеска и покрај тоа што имате мали деца. И тие биле млади мајки и свесни како изгледа домот преполн со деца. Опуштете се кога ќе ви дојде свекрвата на гости. Пуштете ги децата да си играат со неа и уживајте во мирните моменти.
Ако вашата свекрва сака насамо да разговара со нејзиниот син, ќе му се јави на мобилен. Нема да го бара на домашниот телефон.
Свекрвите се многу благодарни за малите работи што им ги овозможуваат снаите, како на пример, тоа што не се расправаат кога му дозволуваат на сопругот сам да отиде во посета на мајка му. Сите мајки сакаат да си ги имаат децата само за себе, барем на кратко.
Таа се плаши дека ќе го прекинете контактот со неа, ако погреши нешто. Тоа е нејзината најголема тајна.
Некои мајки немаат средства да купуваат скапи подароци или да го носат децата на скапи излети. С? што можат да направат е да ги причуваат децата и да ве сакаат со сето нивно срце.
Кога свекрвата ќе дојде да преспие кај вас дома, ја дочекувате со подготвена соба, чисти пешкири и с? друго што ќе ? затреба. Тоа таа многу го цени и многу е благодарна.
Многу се благодарни за секој магнет што ќе ? го донесете од вашите патувања.
Таа не го очекува тоа од вас, но би сакала да бидете доволно блиски за да можете да разговарате за с? што ви се случува.
Ако ви купила нешто што не ви се допаѓа, можете да ? го кажете тоа, но на љубезен начин.
Доколку вашата свекрва никогаш не ви го кажала ова, тоа е така затоа што не сака да си помислите дека ви се умилкува. Таа е многу благодарна што нејзиното дете е среќно со вас.
Таа очајно сака да знае кога ќе стана баба!
Свекрвите многу пати стојат на страна и гледаат како донесувате животни одлуки што можеби не се најдобри за вас.
Таа сака да биде среќна во последниот период од животот, а не да се расправа за ситници.
Ако мислите дека не можете да разговарате со вашата свекрва затоа што не ја знае целата приказна, објаснете ?. Таа само сака да помогне.
Последниот пат кога ви била на гости, едвај сте размениле неколку збора. Таа не разбира зошто е тоа така. Доколку постои некаков проблем, би сакала да го решите што е можно побрзо.
Таа се надевала дека ќе се разбирате, но ситуацијата е поинаква и тоа ја убива.
Но, вистинската свекрва никогаш не го прави тоа намерно.
Таа се надева дека нема да ве налути со тоа што ви се јавува наутро. Вашата свекрва едноставно не може да дочека да го започне викендот со вас.
Таа би сакала да ја доживувате како интересна жена, а не само како свекрва. Свекрвите пред с? се луѓе со возбудливо минато, а не здодевни баби кои сакаат да ве нервираат.
забава Бремените
Автор: bobik
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Мали ритуали без кои ништо не ќе биде исто
Многу луѓе не ги оставаат овие навики дома, дури ни кога се на одмор....
Музика за бебето уште пред да се роди – мит или наука?
Многу идни родители пуштаат музика на нивниот стомак, верувајќи дека б...
Кога бебињата почнуваат да паметат лица и предмети?
Од првиот момент кога ќе ве погледне, ви се чини дека вашето бебе веќе...
Што е посмешно да работиш во Македонија?
Млад, забавен, паметен...се само дел од епитетите кои го опишуваат сте...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.