|      

10 совети за родителите во Новата Година

Автор: Редакција Рингераја | 7.1.2012
image

Нова Година...нови одлуки и решенија, важни за Вас и за Вашите најмили.

 

Да изгубам 10 килограми, да пијам повеќе течности, да вежбам често....Секоја година нови планови, решенија и одлуки. Оваа година потрудете се да ги примените и да внимавате на оние нешта кои се најважни за Вас како родители, а посебно за Вашите дечиња кои го следат секој Ваш потег и ја идеализираат секоја Ваша акција и збор. Неколку совети во врска со тоа што да Ви биде приоритет оваа година како родители.

 

1. Организација

Ова е сигурно на листата на Вашите приоритети секоја година, па така и во оваа не заборавајте да бидете што поорганизирани во работниот простор, во домот и семејниот живот.

 

2. Бидете личноста која што сакате Вашето дете да стане

Децата учат за животот, за светот, за она што е прифатливо и нормално, гледајќи Ве Вас. Тие го прават она што Вие го правите, повеќе отколку она што им го кажувате да го направат. Затоа обидете се да бидете личноста која сакате тие да станат.

 

3. Дозволете им на децата да бидат деца

Сигурно сакате и се трудите децата да прават добри и умни активности, од кои ќе научат многу, но не држете се премногу до стандардите. Оставете им доволно простор за активности кои сите деца ги обожаваат, како играчки и цртани филмови.

 

4. Посветете внимание на Вашите пријатели

Не ги заборавајте пријателите и семејните излети, ручеци, вечери. Дружете се и склопувајте нови пријателства, разменувајте искуства и совети кои секако ќе Ви помогнат и во воспитувањето на Вашите деца.

 

5. Вашата врска со партнерот нека биде топ приоритет

Посветете се многу на најважната врска во Вашиот живот - Вашиот брак. Не запоставувајте го Вашиот партнер и користете го секој момент со него.

 

6. Внимавајте на исхраната

Оваа година обидете се да создадете навика за здрава исхрана на целото Ваше семејство. Гответе повеќе.

 

7. Не заборавајте да правите фотографии

Често фотографирајте се. Не испуштајте да ги документирате убавите моменти со Вашето семејство. Семејните албуми се нешто бесценето и вечно.

 

8. Земете ги децата и одете

Не мислете и планирајте премногу. Бидете авантуристи и шетајте.

 

9. Поддржувајте ги Вашите деца

Никако не заборавајте дека децата си имаат свои размислувања, потреби и персонални карактеристики. Не секогаш тие се поклупуваат со Вашите интереси и со тоа што Вие сте замислиле дека треба Вашите деца да станат. Затоа бидете отворени и поддржувајте ги.

 

10. Бидете благодарни и среќни секој нов ден

Посветувајте го секој момент и секој нов ден на Вашето семејство. Нека стресот и секојдневните грижи не направат да заборавите колку сте прекрасни како родители и колку сте среќни што се до Вас оние за кои живеете.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



  • Снек бар од јатки

    Сиров,лесно калоричен десерт кој заситува доста.Идеален е за ужина на работа или училиште а може да го понесете и на пат. Децата пак,нема да можат да му одолеат

    Повеќе

Анкета

*Машко име*
Хепи мами

Ве молам да гласате за најубаво машко име според вас. Благодарам!

На врв на страницата

Запознај ја Рингераја.мк