vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Кога луѓето се гладни лесно ги губат нервите и можат да се скараат со својот партнер, покажало новото истражување. Научниците кажуваат дека во ситуациите кога сме гладни, мозокот нема доволно енергија за самоконтрола, па шансата дека ќе се скараме со партнерот е значително поголема.
Како што напоменуваат авторите на студијата, бидејќи мозокот зазема само 2% од нашата телесна маса, тој троши околу 20% од вкупниот број на калории. Според тоа, може да се каже дека на мозокот му е потребна голема количина на енергија. Тоа е многу едноставен совет, но навистина делува: пред да се расправате со партнерот, прво јадете.
Овој совет го дале американските научници откако го проучувале нивото на шеќер кај паровите под влијание на агресија во склоп на новото истражување објавено во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences.
Во истражувањето учествувале 100 брачни парови кај кои е мерено нивото на шеќер наутро и навечер.
Според зборовите на Brad Bushman, лицата кои имале пониско ниво на гликоза во крвта биле значително по лути, па дури и оние кои изјавиле дека со партнерот имаат добар однос при пониско ниво на шеќер во крвта чувствувале лутина.
Научниците советуваат дека за да имате здрав однос посебно е важно да ги држите чувствата под контрола. Исто така имајте на ум дека можноста за самоконтрола е најслаба во ноќните часови, а професорот Bushman истакнува дека расправата за деликатните и тешки теми треба да се остави за по оброкот.
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто е важно да влезете во бременоста со здрава тежина
Тежината пред бременоста може да влијае врз плодноста, текот на бремен...
Новороденчињата поминуваат голем дел од денот во сон, но нивниот ритам...
Преминот од пелени кон нокшир е важен чекор во развојот на детето. ...
Причини за вагинална сувост во бременоста
Бременоста носи бројни хормонални промени што влијаат врз целото тело,...
Природни начини за ублажување на настинка и грип
Топлите напивки, одморот и доволниот внес на течности можат да помогна...