Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Facebook – забава, зараза и проклетство! Тоа се веројатно трите зборови кои најдобро ја опишуваат најпопуларната и најмасовната општествена мрежа. Таму се склопуваат пријателства, се раѓаат и прекинуваат љубовни врски, се слават убави моменти, се одбележуваат тажните, се игра, се дружи, се разменуваат и собираат информации. Колку што има предности, исто толку Facebook има и свои недостатоци.
Не морате сами да ја објавите Вашата компромитирачка фотографија од забавата, тоа може да го направи и Вашиот пријател, но верувајте, тоа воопшто нема да изгледа убаво. Секако, тука се и оние иритантни пријатели кои прават промена на статус кога одат во тоалет или оние кои ги коментираат и лајкуваат Вашите постови, макар што немааат блага врска што Ви значи тоа.
За да не ги правите и повторувате истите грешки, Ви нудиме список на работи кои не треба да ги објавувате на Facebook
1. Песни, статуси и имиња кои алудираат на неодамна прекината љубовна врска/расправија со партнерот
Никогаш немојте да објавувате ништо по тоа прашање па макар тоа да го разбере само тесен круг на пријатели. Не само што заради тоа ќе бидете лути на себеси и очајни, туку и многу брзо ќе зажалите што го ставивте тоа на FB.
2. Негативни постови за други луѓе
Немојте во никој случај да ставате негативни коментари или постови за други луѓе колку и да Ве нервираат или колку и да ги мразите заради некоја причина. Иако имате прифил кој е приватен, сепак Вашиот статус може да се сподели и сето тоа да отиде во недоглед. Не се доведувајте во непријатна ситуација заради момент на невнимание.
3. План за одмор
Планирате одмор и едвај чекате да почне? Е па не морате целокупниот план и секојдневното одбројување да го објавувате на Фејсбук. Таквите информации се шират со неверојатна брзина, па на потенцијалните крадци им давате време да направат добар план ако да ја ограбат Вашата куќа. Не се фалете дека сте на одмор и колку долго ќе останете. Кога ќе се вратите почестете ги пријателите со примерни фотографии.
4. Покани за игри, настани и други апликации
Тоа ужасно нервира! Можете да бидете симнати од листата на пријатели или да бидат блокирани Вашите постови.
5. Лични информации за семејството, посебно за малите деца
Сите родители би сакале другите луѓе да им се восхитуваат на нивните деца – како се преубави, слатки, паметни...Но не ставајте на Фејс фотографии каде децата се голи, или додека ги бањате, за да не дојде до нивна злоупотреба. Исто така не го употребувајте полното име и презиме на детето ниту информации за градинката, училиштето, или нивните редовни активности. Никогаш не се знае кој ги гледа фотографиите и кој собира информации.
Новости на работното место – не ставајте ништо за бившата, сегашната или идната работа на Фејсбук и тоа не посебно во работно време. Многу личности останале без работа заради тоа.
Број на мобилниот телефон – Никогаш, ни во лудило не го оставајте бројот на својот мобилен телефон во информации на Вашиот профил.
Компромитирачки фотографии – Никогаш не ставајте пијани, полуголи или голи фотографии, нити фотографии со одредена сексуална содржина. Ако тие фотографии не можете да им ги покажете на Вашите деца или родители, не ги ставајте ниту на Фејсбук.
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Улогата на нежната масажа кај бебињата
Нежната масажа кај бебињата е повеќе од пријатен момент за вашето бебе...
Мирисот на бебе, меморија што никогаш не бледее
Постојат спомени што ги носиме како слики, други како зборови, а некои...
Брзо темпо на живот и нередовни оброци
Современиот начин на живот често подразбира постојана брзање, многу об...
Како правилно да го четкате првото забче кај бебето?
Појавата на првото забче е важен момент, но истовремено и почеток на р...
Хипертиреозата, односно зголемената активност на штитната жлезда, е со...
Кофеин за време на бременост.
пеперутка16
Дали е здраво да се пие многу кофеин за време на бременост, дали влијае на здравјето на бебето? Колку кафе мислите дека е „дозволено“ да се пие дневно за време на бременост?