vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
На церемонијата ќе учествуваат околу 15.000 волонтери, а се очекува целион настан во живо да го следат 80.000 гледачи, како и околу милијарда луѓе ширум светот.
За разлика од отворањето на игрите спортистите нема да бидат поделени по националност, туку ќе маршираат измешани. Таа пракса е воведена на Олимписките игри во Мелбурн во 1956. година и симболизира соединување на спортистите во една нација.
Свечената церемонија, покрај прославата за спортските достигнувања, подразбира примопредавање на домаќинството во Рио Де Женеиро, каде ќе се организираат следните летни Олимписки игри, како и гаснење на олимпискиот пламен.
Целата манифестација носи наслов "Симфонија на британската музика" и во центарот на вниманието ќе биде музиката, како еден од најзначајните британски културни производи. За таа цел е ангажиран Лондонскиот симфониски оркестар, а иако имињата на останатите изведувачи се држат во строга тајност, сепак во јавноста протекоа некои информации.
Ќе настапат групата Mjuz која ја сними официјалната песна за Олимписките игри, George Michael, Eni Lenoks, групите "Spice girls" , "Pet Shop Boys", "Fatboy Slim" и други.
Покрај тоа ќе има и модна ревија. Манекенките Кејт Мос и Наоми Кембел ќе прошетаат по пистата во модели на Aleksandar Mekvin, Vivijen Vestvud, Sara Barton и други.
Шоуто ќе го затвори "The Who", додека Darsi Basel и 300 членови на кралскиот балет ќе играаат додека не се изгасне Олимпискиот пламен.
3
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Чести причини за будење навечер кај децата
Ноќното будење е многу често кај бебињата и малите деца. Некои деца се...
Како да го пронајдете вашиот реален ден на овулација?
Овулацијата не се случува секогаш на истиот ден од циклусот. ...
Раѓањето на дете е еден од најубавите, но и најголемите предизвици за ...
Безбедно разладување на просторија каде што спие бебето
Во топлите летни денови, високите температури можат да бидат непријатн...
Слатки или кисели јаболки, кое за што е најдобро?
Јаболката се едно од најздравите овошја и заслужено го носат епитетот ...