Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Адриана Лима
Адриана Лима почнува напорна подготовка за шоуто еден месец порано. Од менито целосно го исклучува шеќерот, лебот и пастата. Не пие никаков алкохол. Адриана Лима признава дека откако наполнила 30 години, мора повеќе да внимава што јаде и да тренира понапорно. Еден месец пред ревијата тренира секој ден, наместо 3 пати неделно. Скока на јаже, оди секојдневно во теретана и неколку пати неделно тренира бокс. По секој тренинг пие протеински шејк.

Алесандра Амбросио
Алесандра Амбросио исто така е ветеран во шоуто на Victoria's Secret. Алесандра започнува напорна подготовка за шоуто 2 месеци порано. Не го менува начинот на исхрана. Преферира избалансирано мени - јајца за појадок, а за вечера и ручек - салати и пилешко месо. Алесандра Амбросио тренира пилатес, јога и балет. Тие му даваат флексибилност и тонизација на нејзиното тело.

Лили Олдриџ
Лили Олдриџ е меѓу моделите кои се противници на диетите. Лили се одлучува за здраво мени, дури и пред шоуто. Не гладува. Два месеци пред церемонија Лили Олдриџ јаде претежно месни протеини, овошје со низок гликемиски индекс и зеленчук. Недела пред шоуто целосно ја исклучува солта од менито. Пред шоуто тренира секој ден, а омилени и се пилатес вежби, јога и балет.

Даутцен Крус
Даутцен Крус се породи во јули и не можеме да одречеме дека успеала да влезе во форма. Топмоделот не држи диета, бидејќи се уште дои. Единствено што исклучила од менито, се слатките работи, па дури и чоколадото. Нејзината супер фигура е резултат на секојдневните вежби од серијата Ballet Beautiful. Тие помагаат за опуштање, а истовремено и затегање на телото.

Бехати Принслу
Два месеци пред шоуто на Victoria's Secret Бехати Принслу ги запира сите јаглехидрати, храна со шеќер и сол, како и алкохолот. Дава акцент на протеините, зеленчукот и водата. Единственото искушение, на кое се оддава понекогаш, се чоколадото и желе бонбоните. Две недели пред шоуто го зголемува интензитетот на тренинзите, па тренира напорно барем еден час секој ден. Бехати Принслу сака да плива и да оди на јога.

Карли Клос
Карли Клос е обожавател на здравата исхрана. Таа избегнува да се храни надвор и голем дел од храната која ја јаде, ја приготвува сама. За шоуто на Victoria's Secret се подготвува со кардио вежби. Карли Клос ги прави истите вежби како за загревање, така и по тренингот.

Кендис Суанепул
Кендис ретко зборува за диетите. Топмоделот сака да ги споделува деталите околу режимот на тренинзите. Таа исто така е меѓу ангелите кои тренираат бокс. Освен тоа, во нејзините тренинзи задолжителни се пилатес вежбите. Кендис е една од ретките топмодели кои ги избегнуваат кардио тренинзите.

9
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Први протеински намирници во дохраната: како и кога?
Воведувањето на протеините во исхраната на бебето е важен чекор во нег...
Лекциите на животот доаѓаат тивко
Животот нe учи на лекции кога најмалку очекуваме. ...
Како да забремените со ендометриоза?
Дијагнозата на ендометриоза може да биде загрижувачка за многу жени, о...
Верувајте во процесот и вашето бебе ќе дојде
Кога еден пар ќе одлучи дека е време за бебе, очекувањето често е дека...
Секое бебе индивидуално се развива во мајчиниот стомак
Многу родители се изненадуваат кога ќе слушнат дека развојот на секое ...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?