|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Спомен куќата на Тоше доби своја монографија

www.kurir.mk, 19.5.2012
Спомен-куќата на Тоше во Крушево доби и монографија во која се опишани и богато илустрирани нејзините содржини и фазите од изградбата на овој импресивен објект

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Спомен куќата од нејзиното отворање пред една година и без малку еден месец имала нас стопедесет илјади посетители.

Редакцијата која за шест месеци ја состави публикацијата си поставила задача таа да биде патоказ кон овој објект, кој е посветен на големиот уметник и човек Тоше Проески.

Монографијата ќе може да се купи само во Спомен-куќата каде што денеска ја промовираше министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

beti-kanceska

Таа истакна дека изданието е синопсис на сите заложби, идеи и емоции вложени во изградбата на објектот кој е материјализација на личноста и делото на Тоше. - Спомен домот стана ново духовно прибежиште за сите почитувачи на ликот и делото на Тоше. Посетителите кои имаа желба да го осознаат изворот од кој тој ја црпеше својата енергија или да се запознаат со сите запишани размислувања или животни филозофии што го водеа во животот, го опишаа Спомен-домот како место во кое спомените на Тоше се највредни и најприсутни... Придонесот на Тоше Проески во новата културна историја на Република Македонија е импозантен, обврзувачки и инспиративен за сите, а Спомен-домот кој го изградивме е гест на скромна благодарност од сите граѓани на нашата држава, истакна министерката за култура.

Уредникот на книгата Огнен Неделковски рече дека било тешко да се состави монографија која ќе успее да одговори на задачата да се создаде дело соодветно на грандиозноста на објектот и на величината на Тоше.

- Богат и таинствен, раскошен и достоинствен, близок и далечен, длабок и недофатлив - таков е целиот опус на Тоше Проески, а таква е и оваа монографија. Taa има задача да ги потсетува сите кои ја посетиле Спомен-куќата за се она што можеле и не можеле да видат, а од друга страна треба да предизвика љубопитство кај некој кој случајно ќе се најде на овие страници, да дојде во Крушево и да го почувствува местото кадешто се вкрстуваат сите светови на Тоше, рече Неделковски.

Монографијата содржи краток осврт на историјата на Република Македонија, приказ на најзначајните карактеристики на Крушево, биографијата на Тоше, а понатаму во неа се претставени архитектонските карактеристики на Спомен-куќата и деловите од музејската поставка. Значаен дел од изданието е посветено на фановите, а монографијата е заокружена со наградата која овој објект ја доби минатата година за најдобро архитектонско дело на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона.

Дејан Секуловски, еден од авторите на Спомен-куќата, истакна дека секој нов објект е предизвик за архитектите, но дека овој за нив бил обврска и чест.

- Оваа градба е повеќе од објект кој и служи на својата функција. Таа е објект создаден од емоции, а не да предизвика емоции. Му подаривме на нашиот Тоше паметник кој е само мал дел од она што тој ни го подари нам во својот живот. Се надеваме дека тоа што го гледате внатре и чувството на спокојство, хармонија и инспирација е потврда дека сме го дале најдоброто од себе со една едниствена цел никогаш да не го заборавиме Тоше, рече Секуловски.

Спомен-куќата на Тоше беше отворена на 25 април минатата година. Проектот во ноември на фестивалот во Барселона ја доби наградата „People’s choicе Аward“ за најдобро идејно решение во конкуренција од 704 објекти од светот. Спомен-куќата лани ја освои и голема годишна награда за архитектура од Асоцијацијата на архитекти на Република Македонија.

 

www.kurir.mk

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Избор на капут според фигурата
Во студените денови бараме спас во топлата прегратка на капутот. Освен дека треба да е модерно и од добар материјал, ка...
3
Вистини и заблуди за исхраната
Под правилна исхрана се подразбира дека во одредено препорачано количество на храна се застапени продукти кои ги содржат...
3
Има 50 години, две деца и фантастично тело
Згодната Хали Бери е доказ дека не морате да поминувате часови во теретана за да имате совршена линија
3
Мажите едногласни: Вакви жени не привлекув...
Мажите се изјаснија: Овој тип женско тело најмногу нe привлекува
3




Анкета

govor na dete
mama

moeto dete ima 3 godini i 3 meseci i se uste ne zboruva.

(70%)

(30%)


Број на сите гласови: 10

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!