|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Вистини и заблуди за исхраната

Александра Олјеска, 2.4.2011
Под правилна исхрана се подразбира дека во одредено препорачано количество на храна се застапени продукти кои ги содржат потребните нутритиенти.

image
/11


Постојано се прашуваме колку помалку маснотии внесуваме толку побргу слабееме...маргарин или путер....што е поздраво....дали со “лајт“производите полесно се слабее ?  Експертите тврдат - Не постојат штетни производи, постојат само штетни дози и комбинации.


Еве некои вистини и заблуди

 

Достигнување и одржување на идеалната телесна тежина подразбира исфрлање на одредени продукти од исхраната.

Неточно !!! Правилната исхрана подразбира дека во одредени препорачани количества се застапени сите продукти кои содржат одредени нутритиенти. Не постојат штетни продукти, постојат само штетни дози и комбинации.

 

Колку помалку маснотии толку побргу слабееме

Неточно !!! Маснотиите се важни за животот. Човекот слабее само ако зема помалку калории отколку што троши, а нема значење дали тоа се маснотии или јагленохидрати.

 

Најопасни за здравјето се маснотиите кои се јавуваат со индустриска обработка (хидрогенизација) на маслото, со пржење и подгревање.

Точно !!! Така се јавуваат трансмасните киселини, кои го зголемуваат нивото на ЛДЛ (лош)холестерол и го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести.

 

Потрошувачите можат да најдат информации за содржината на трансмасните киселини на декларацијата на производот.

Точно !!! Ако на декларацијата на производот пишува дека производот содржи хидрогенизирано масло значи дека содржи трансмасни киселини.

 

Маргаринот е поздрав од путерот.

Неточно !!! Маргаринот е продукт кој содржи висок процент на масни киселини. Освен во маргаринот тие можат да се најдат и во крекерите, во пекарските производи, во колачињата, во пржената храна.

 

Месото е продукт кој ќе ја зачува вашата мускулна маса.

Точно !!! Менито кое ќе ја зачува мускулната маса, а ке ја намали масата на поткожното ткиво се месото и салатите. Секако, треба да се избере помалку масно месо како пилешко , телешко и риба.

 

Со “лајт“ производи полесно се слабее.

Неточно !!! Резултатот од  диетата зависи од количеството на внесена храна, а токму количеството е замка кај „лајт“ продуктите.

 

Подобро да се изеде сендвич отколку да се прескокне оброкот.

Точно !!! Ако прескокнеме оброк, организмот настојува да создаде залихи. Затоа е подобро да се изеде сендвич, но не каков било. Ако изедете сендвич без мајонез, путер и кашкавал, сте изеле оброк кој нема да ја загрози вашата тежина.

 

Физичката активност е корисна само за намалување и одржување на телесната тежина.

Неточно !!! Секој облик на физичка активност дејствува благотворно на  нашите органи и ткива. Тоа е одлична превенција на низа сериозни здравствени проблеми како инфаркт или шлог, дијабетес, остеопороза ,депресија....

 

За слабеење и за одржување на тежината потребно е да се вежба секој ден.

Неточно !!!  Подобро е да се вежба неколку пати во неделата отколку одеднаж премногу да се изморите. Меѓутоа, за позитивен ефект врз здравјето доволно е само секој ден по половина час да прошетате со побрз од.

 

Не постои најдобра физичка активност.

Точно!!! Не постои најдобра, сите се добри, дали ке изберете прошетка со брзо одење, возење велосипед, пливање, танцување, аеробик, зумба или друго од Вас зависи, важно е постојано да имате физичка активност.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Масти и видови на масти
На етикетите на многу производи ќе прочитате дека се со “малку масти” или се “без масти”. Диетите со мала количина на ма...
4
Поддржуваме мали бизниси: Cacao potentia
Cacao potentia го создадов прво за себе и за своето семејство и сега е достапно за сите кои се љубители на какао и здрав...
4
Најнови трендови во детската мода - 2011
Детските и модни трендови за оваа пролет 2011 ќе бидат со природни корални и морски бои , стил и силуета на 70’те , но ...
3
Викторија и Дејвид Бекам се разведуваат?!
Викторија Бекам проговори за гласините дека таа и нејзиниот сопруг, фудбалерот Дејвид Бекам се пред развод
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?