vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Берѓузар Корел истакнала дека отсекогаш сакала брак. Семејниот живот и го донесол мирот кој го барала.
- Долго време работите во мојот живот се се одвиваа добро. Сега е на приватен и на професионален план се' убаво и опуштено. Благодарна сум на тоа, Мојот син Али порасна, не е повеќе бебе. Всушност израснавме заедно и прекрасно се забавуваме. Станав мајка на 28. години, иако во таа улога сакав да се остварам многу порано. Како девојка многу сакав семејство, не бев од оние девојки кои велат дека никогаш нема да се омажат. Израснав во традиционално турско семејство и беше јасно дека својот мир ќе го најдам во брак.
Таа истакнала дека традиционалнте вредности и се многу важни.
- Не познавам друг начин. Ние сме нормално семејство. Нашите родители работеа многу, но со нас го поминуваа секој слободен момент. Ние сме пар кој сака заеднички да го поминува слободното време. Кај нас се' се заснива на забава, секогаш дома слушаме музика. Еден ден се вратив од снимање во 8 часот наутро. Го затекнав Али како со татко му игра на песна од Мајкл Џексон. Се трудиме што повеќе да бидеме со Али. Откако ќе заспие, остатокот од ноќта го поминуваме заедно.
Турската ѕвезда рекла дека сопругот е нејзината најголема љубов.
- Халит е навистина љубовта на мојот живот. Кога го запознав имаше 32-33 години и беше многу поинаков отколку сега. Јас тогаш имав 21 година. Тогаш да започнеше нашата врска, можеби сега Халит немаше да биде мој маж. Потоа се сретнавме на снимањето на серијата “1001 ноќ”, се засакавме и се венчавме. По нашата венчавка доста долго време поминавме одвоени, а за тоа време јас созреав и искусив многу работи. Нашиот однос започна во вистинското време, на начин на кој требаше – изјави глумицата.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кога е најдобро време за патување во бременоста?
Патувањето во бременоста не мора да значи откажување од одморите и пла...
Развој на плодот во третото тромесечје
Третото тромесечје од бременоста е последната етапа од патувањето до з...
Работа, семејство и време за себе
Усогласувањето на работата и семејниот живот е еден од најголемите пре...
Зошто е важна хидратацијата за здравјето?
Водата е еден од најважните предуслови за правилно функционирање на ор...
Совети за полесен живот и подобро ментално здравје
Секојдневието често носи многу обврски, очекувања и предизвици, поради...