|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ранко Рајовиќ: Децата имаат лош ракопис

Редакција Рингераја, 3.7.2018
Основачот на Менса во Србија | Децата имаат се полош ракопис и поспоро пишуваат
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Дека децата се помалку пишуваат најдобро покажува праксата во земјите, каде некогаш пишувањето диктати беше задолжително, а сега тоа станува минато. 

– Во одредени држави како во САД во училиштата се укинува пишувањето и употребата на пишани букви, односно наставниците самите одлучуваат дали децата ќе ги учат да пишуваат или не, изјави доктор Ранко Рајовиќ, еден од основачите на организацијата Менса Србија и член на Светскиот Менса комитет за надарени деца.

Според зборовите на Рајовиќ за овие промени во образовниот систем има три причини.

– Првата причина е претпоставката дека во иднина децата ќе користат компјутери и дека поради тоа ќе мораат да ја совладаат работата на тастатура. Друга причина е тоа што ракописот на децата станува помалку читлив, а третата е што децата поспоро пишуваат, додава тој.

Нечиток ракопис и поспоро пишување укажуваат дека постојат одредени проблеми во развојот на фината моторика.

– Развојот на големата кора на мозокот зависи од бројот на импулсите, кои ќе ги прими, а еден од нејзините центри е задолжен за пишување. Поради тоа неможноста за пишување е првиот знак за слаба стимулација на овој центар на мозокот, појаснува тој.

Колку е важно пишувањето покажува факот дека секое движење при оваа активност е важна стимулација и бара координација на голем број мускули. Во тие ситни и важни движења спаѓаат и пишувањето коси леви и коси десни црти, заоблени леви и десни црти и друго.

Со цел децата да ги развијат комплексните движења на прстите, тие мора да пишуваат и пред тргнувањето во училиште, а најважни за тоа се родителите.

– Тие мораат активно да учествуваат во игрите на децата и да го помагаат развојот на фината моторика. Во минатото немало вакви проблеми, бидејќи децата си играа со џамлии, собираа сликички, шумски плодови, дури и чистеа пченка. За ваков вид проблем никогаш не се размислувало, нагласува еден од творците на системот на учење НТЦ (Никола Тесла центар).

Рајовиќ додаде дека денес мора да се мисли на тоа, бидејќи децата не само што помалку ги стимулираат центрите за прстите, туку и другите поголеми центри.

– Тие центри се активираат со трчање, скокање, прескокнување, вртење. Децата кои послабо се движат се помалку активираат одредени важни центри на големиот мозок. И тука постои можност да дојде до когнитивни потфрлувања, вели Ранко Рајовиќ.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вашиот дом ќе зрачи со љубов, ако...
Десет нешта кои секоја жена со стил не ги чува дома
7
Срамежливо дете и вистинскиот пристап кон ...
Кога на јавни места детето се држи за родителот и одбива секаков контакт со кого и да било, тоа дефинитивно треба да пре...
6
Ако знаев какво е мајчинството навистина...
Ако знаев дека понекогаш ќе плачам и под туш, бидејќи не постои друго место каде што можам да бидам сама, пред да имам д...
6
Училиштето започнува! Што треба да се знае?
Поаѓањето на училиште е важен животен пресврт и родителите сакаат да ги подготват децата за оваа промена што подобро. До...
6




Анкета

kakov avtomobil sakas
daniel



ford (17%)

mercedes (30%)

bmw (52%)


Број на сите гласови: 46

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!