|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Двојазичност кај децата

Редакција Рингераја, 14.7.2011
Што значи терминот двојазичност, или билингвизам? Најопшто значење на овој термин е: користење на повеќе јазици (може да бидат и повеќе од два) во секојдневниот говор.

image
/11


 

 

За некои толкувачи двојазичноста значи еднаква способност да се користат и двата јазици во комуникацијата. За други двојазичноста значи способност за комуникација и на двата јазици, но со подобри вештини во едниот јазик.

Многу родители си го поставуваат прашањето: Како да го учам детето да ги зборува двата јазици? Повеќето научници сметаат дека изучувањето на два јазици во рана возраст и истовремено, дава подобри резултати и детето ги учи сосема природно двата јазици.

Нормално е да се очекува период на конфузија или помешување на двата јазици. Често се случува децата да земат “на заем” зборови или изрази и од двата јазици, за да искажат мислење или желба , во една иста реченица. Исто така ако детето зборува на едниот јазик дома, а на другиот во градинка, училиште, тогаш едниот јазик го смета за официјален и често употребува зборови или изрази, кои доаѓаат од средината за која зборува. На пр. “Сакам да ми помогнеш со homework (домашните)”. Исто така може да постојат периоди кога едниот јазик се зборува поинтензивно од другиот (на  пр. ако детето живее во Австралија, а оди на одмор кај бабите и дедовците во Македонија)

Можно е децата да не се подеднакво способни во употребата на двата јазици. Многу е чест феноменот детето да го разбира едниот јазик добро, но да не го употребува толку добро при зборување. Најдобар пристап кон обука на детето на двата јазици е ако детето се учи да им се обраќа на двајцата родители за иста работа, на два различни јазици (“Мамо дај ми го ова” и  “Daddy give me this”)

 

Родителите често си го поставуваат прашањето:”Дали двојазичноста ќе создаде јазични проблеми кај децата?”

Ако детето расте со двата јазици истовремено можноста да се создадат проблеми во говорот е многу помала, отколку ако детето се обучува на втор јазик во подоцнежната детска возраст. Некои сметаат дека ако вториот јазик почне да се користи пред првиот јазик да биде комплетно совладан, развојот на говор може да биде одложен, па дури и потполно да запре.

Родителите кои сметаат дека нивните деца имаат проблеми со говорот, кои произлегуваат од двојазичноста, треба да се обратат кај логопед. Логопедот ќе направи тест и ќе го утврди нивото на развој на двата јазици.

Ако детето има доцнење во развојот на двата јазици не значи дека има потреба од специјалист, или третман.Ова одложување на развој на говорот можеби произлегува од фазата на развој во која се наоѓа  детето.

 

Некои факти:

Двојазичните деца го разбираат писмениот јазик побрзо од еднојазичните.

Докажано е дека децата регистрираат букви уште пред да научат да читаат. Од обуката преку слики и текст, децата побрзо учат да ги препознаваат буквите. Кај двојазичните деца асоцијацијата е различна, бидејќи тие знаат дека една слика може да се опише со повеќе зборови/звуци/букви. Бидејќи детето веќе научило да асоцира една слика со повеќе зборови (за мама “маче”, а за тато “cat”) за него не е проблем да ги препознава и различните букви и азбуки (латиница и кирилица)

Децата изложени на употреба и учење на два јазици во раната детска возраст, подоцна ќе научат и други јазици, многу полесно од еднојазичните деца.

За да го објасниме овој факт полесно и поприфатливо, само замислете колку знае едно дете при раѓање и колку многу учи во првите години од животот. Замислете го мозокот на детето како маса пластелин кој ние – родителите го формираме. Сега замислете го јазикот како патче во овој пластелин, а граматиката и лексиката како дрвја и куќи по ова патче. Ние ќе изградиме патче на јазикот во детскиот мозок,  а детето тоа ќе го претвори во пат, со текот на годините. При изучувањето на други јазици, детето ги реновира и проширува куќите и засадува нови дрвца, на граматиката и лексиката. Кога детето научило два јазици (мајчиниот и татковиот) кога ќе тргне на училиште за него е сосема природно да научи трет и четврт јазик по истиот принцип.

 

Многу родители и наставници немаат доволно знаење за прашањето на двојазичноста, или се скептични и може да очекуват негативни резултати при двојазичната обука.

Еве неколку одговори на најчестите грижи:

  • Учењето на два јазици во рана возраст е тешко и може да доведе го говорни проблеми

Децата изложени на два јазици покажуваат исти достигнувања во однос на јазикот, како и еднојазичните деца. Важно е да се запомни дека секое дете е индувидуа и дека може да го учи јазикот побавно или побрзо од другите деца. Доцнењето во развојот на говор не значи секогаш дека детето има проблеми со говорот.

Многу е важно родителите да обезбедат систематски пристап до двата јазици и да не ја менуваат радикално јазичната средина на детето.

 

Кои се најважните работи кои родителите и наставниците треба да ги имаат во предвид при обука на  детето на два јазици:

  • Помешувањето на јазиците е сосем нормална појава
  • Сите деца можат да научат два јазици од најрана возраст.
  • Познавањето на јазикот на родителите е битен елемент од личноста на детето, неговиот културен развој и чувството за припадност кон одредена култура.
  • Доброто владеење на двата јазици најдобро се постигнува ако детето е изложено дома на јазикот којшто не се говори во општеството во кое живее. Тоа ќе биде изложено на другиот јазик надвор од домот што ќе му помогне да го развие и тој јазик.
  • Родителите можат да му помогнат на детето ако го говорат јазикот кој најдобро го познаваат со сите негови варијации.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Колапс, синкопа или губење на свеста
Кризата на свеста претставува застрашувачко искуство за родителите – повеќето од нив имаат црни мисли за епилепсија, или...
4
Покачен ЦРП кај деца
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...
4
Рецепт за најубави балони од сапуница
Децата обожаваат да си играат со величествените балони од сапуница. Еве неколку рецепти за течност со која се прават нај...
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?