namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Рингераја: Како се роди идејата за еден ваков бизнис?
Моника: Додека бев бремена, со сопругот изработивме рамка за во собата на ќерка ни. Ни се допадна енергијата која ни ја даваше секојдневно, па почнавме да правиме за нашите блиски и да им ги подаруваме. Така Monkdolls ни стана хоби. На сите премногу им се допадна идејата, па решивме да направиме инстаграм профил, и да ги објавиме изработките. За кратко време ова хоби прерасна во мал бизнис.
Рингераја: Кој стои "позади" истиот?
Моника: Ние сме мало семејство од Скопје - Моника, Славчо и Ира – најголемиот “виновник” за почеток на оваа приказна.
Рингераја: Во вашата понуда има уникатни рачно изработени производи. Кои поточно?
Моника: Во моментов имаме 12 различни изработки од дрво на кои можат да се постават фигури, фигурите се во 4 големини согласно возраста и во две форми (машка и женска).
Рингераја: Со оглед на тоа дека станува збор за рачно изработени производи од дрво, кажете ми, дали е потребно одредено предзнаење, некаква обука за обработка на дрво и ракување со машини ...?
Моника: На почетокот поголемиот дел од изработката одеше рачно, но како се зголемуваше бројот на нарачките, имавме потреба од машини кои ќе ни помогнат во изработката. Да, потребна е обука, истата ја добиваме од фирмата каде ги купуваме машините. Немаме предзнаење за обработка, низ целиот процес на изработка, постојано самостојно учиме и се надоградуваме.
Рингераја: Вашите производи се уникатни на нашиот пазар. Колку сте задоволни од заинтересираноста на потрошувачите?
Моника: Ви благодариме. Со оглед на тоа дека бевме скептични како ќе се прифатат производите, изненадени сме од заинтересираноста. Многу ни е драго што успешно ја пренесовме енергијата што ја носи топлиот дом.
Рингераја: Што е најпопуларно и најбарано?
Монкдолс: Дефинитивно од самиот почеток најбарана е куќичката со оџак. Изгледа од тоа мало оџаче излегува најмногу топлина во домот.
Рингераја: Вашата онлајн продавница функционира преку Инстаграм и ФБ профили. Колку од ваше искуство социјалните мрежи се корисна алатка за работење на истото? Стигнувате ли лесно до потенцијалните потрошувачи?
Моника: Социјалните мрежи се одлични за почеток на мал бизнис, особено откако настана ситуацијата со Covid, онлајн продавниците ги донесоа производите на дофат на потрошувачите. Социјалните мрежи се само платформа на која ги пласираме нашите производи, меѓутоа користиме други апликации со кои се води нашата "продавница".
Рингераја: Како семејство сопственици на онлајн бизнис и бизнис со рачно изработени производи, кои се предностите а кои предизвиците кога станува збор за истиот?
Моника: Одлично прашање. Кога го работиш тоа што го сакаш, не чувствуваш дека работиш ниту еден ден. Монкдолс од самиот почеток расте заедно со нашата ќерка, а тоа ни овозможи да сме секогаш тука за неа. Од друга страна, сопствен бизнис бара многу голем ангажман. Можам да кажам дека работиме 24/7. Најголем предизвик за нас е балансирањето помеѓу приватниот и професионалниот живот.
Рингераја: Кој е вашиот најдобар совет за балансирање на приватниот и професионалниот живот?
Моника: Добра организација на работното време и распоред на приоритети. Тоа е единствениот начин да се стави граница помеѓу професионалниот и приватниот живот.
За да постигнам се’, наутро станував пред Ира, а во текот на денот работев кога спиеше. Откако тргна во градинка, работиме до 16ч, потоа сопругот врши достава на изработките а јас сум посветена на неа. Некогаш тоа го правиме сите за да поминеме некакво време зедно. Иако со сопругот работиме иста работа, имаме две различни работилници, па некогаш не се гледаме по цел ден.
Рингераја: Кога би го започнале својот бизнис денес, кој совет или научена лекција би си го нагласиле? Што би препорачале на оние кои размислуваат за сопствен бизнис?
Моника: Започнете уште денес. Нема поголема убавина од тоа да се создава нешто свое. Нешто што ќе остави траг и што ќе направи некого среќен. Кога среќата се дели, се множи.
Рингераја: Ви благодариме на издвоеното време. Ви посакуваме многу успех и во иднина.
Моника: Ви благодариме за разговорот, ни беше задоволство.
Со почит,
Монкдолс
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...