vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Се сеќавам дека уште како мала често ја гледав мама кога се шминкаше и потоа кога ќе заминеше на работа ги испробував нејзините кармини. Црвениот кармин отсекогаш ми беше омилен, па колку што се сеќавам тоа ми беше првиот козметички производ. Кога сега ќе се сетам, можеби бев премала за црвен кармин, но тоа е време на растење и експериментирање, време кое секоја девојка мора да го помине, започнува насмеаната Јелена.
Продолжува да раскажува дека често правела грешки кога се работи за make-up, бидејќи имала погрешни бои на пудра, погрешно нанесување на боја, но објаснува дека девојките во тоа време се труделе да остават впечаток дека се постари – а тоа на Јелена и нејзините пријателки им било забавно.
Денес не можам да замислам ден без балсам за усни. Со оглед на се потоплото време, на лицето ставам само L'Oreal Paris кој е лесен и провиден, а неодамна го открив НЕО крем и дезодоранс, кој секогаш го носам во својата торбица.
Кога сака посебно да заблеска користи Color Riche by Blake Lively, кармин со прекрасна црвена боја, креиран посебно за плавуши, а признава дека тешката шминка и паѓа тешко.
Никогаш, па ни денес не сакам тешка шминка која често заради снимањето морам да ја користам. Имам исклучително чувствителна кожа, па веднаш по снимање ја симнувам шминката. Најмногу сакам кога кожата ми е чиста, кога има доволно хидратација и дише.
Својата коса ја негувам со Elseve Color Vive шампон и регенератор. Сакам да менувам фризури, но не и бојата на косата. Јас сум природна плавуша и одлично се чувствувам со својата пепелаво плава коса.
Не се плашам од стареење, секоја брчка е потсетник на некој период од животот. И кога ќе се завртам околу себе гледам жени кои на 40, 50 години изгледаат подобро од било кога. Треба да се старее достоинствено.
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да изберете соодветен метод за контрацепција?
Не постои еден метод за контрацепција кој е најдобар за сите жени. Она...
Гестацискиот дијабетес е состојба во која нивото на шеќерот во крвта с...
Недостаток на витамини во бременоста
Бременоста е период во кој потребите на организмот за одредени витамин...
Зголемување на телесната тежина во бременост
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста. Телото...
Грешки што жените ги прават пред бременост
Неколку навики и проверки пред зачнувањето можат да помогнат жената да...