vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Бакнежот како симбол
Уште многу одамна на луѓето им била позната тајната на бакнежот како симбол на зближување, како симбол на љубов, почит, поздрав.
Старите римјани почнале да се бакнуваат пред група луѓе како знак дека двојката стапува во брак. Се смета дека оттогаш датира и традицијата на бакнување на крај од церемонијата.
При бакнувањето се активираат 34 мускули вклучувајќи ги мускулите на лицето и јазикот.
Со допирот на усните и јазикот до мозокот се испраќаат сигнали кои поттикнуваат многубројни хемиски процеси, односно лачење на побитните хормони како окситоцин, серотонин, допамин и адреналин, кои пак на некој начин се "одговорни" за чувствата што ги имаме во тој момент.
Адреналинот игра важна улога во одговорот на телото и ја забрзува срцевата работа.
Допаминот влијае врз емитувањето на емоциите и страстите.
Окситоцинот е хормон кој има задача да помогне во зближувањето на партнерите, го поттикнува чуството на блискост и посветеност на еден кон друг.
За крај серотонинот, познат уште и како хормон на среќата дејствува врз расположението и чувствата.
Со бакнување се трошат 2-3 калории во тек на една минута.
Бакнежот е лек за борба против стресот. Како резултат на излечувањето на сите претходно споменати хормони го подигнува нашето расположение и чувството на смиреност.
Имунитет
Бакнежот има улога во поттикнување и зајакнување на имунитетот поради размената на бактерии преку плунката.
Треба да се напомнат и некои од болестите кои се пренесуваат со бакнување, односно преку плунка, а тоа се инфективната мононуклеоза и вирусот херпес симплекс.
Што се однесува до ХИВ вирусот, и покрај тоа што него го има во плунката, не постојат цврсти научни докази дека тој се пренесува со плунката преку бакнување.
доктор на медицина
4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Која пумпа за млеко е најсоодветна за вашите потреби?
Рачна или електрична? Еднострана или двојна? Мала и дискретна или помо...
Колку долго да шетате со вашето бебе?
Свежиот воздух и промената на средината можат да бидат убав дел од сек...
Зошто секое бебе се развива со свое темпо?
Едно бебе ќе почне да седи порано, друго ќе прозбори порано, а трето м...
Хуманиот папилома вирус е многу честа инфекција, која најчесто поминув...
Дали може да забремените ако имате ХПВ?
Позитивниот ХПВ тест не значи дека треба да се откажете од плановите з...