vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Кога Lisa Curran најде слика од својот сопруг на Facebook на која јасно се гледа дека се венчал со друга жена, таа беше шокирана и згрозена. Но поранешниот полицаец Martin Curran (сега 52) ја смири велејќи и дека сликата е лажна направена од неговата поранешна девојка која го прогонувала. Тоа и стана сомнително на госпоѓа Curran и најми приватен детектив да го следи. Вистината се појави неколку месеци подоцна – Curran живеел двоен живот со Andrea Whiteside 31, повеќе од шест години, а се венчале во нелегална церемонија во јули минатата година.
Госпоѓа Curran зборуваше во гнев откако судот го ослободи нејзиниот сопруг и покрај тоа што призна бигамија.

Lisa Curran
“Тој би требало да оди во затвор кој би го научил добра лекција, но избега со неа. Се чувствувам толку глупаво, сите околу мене можеле да видат каков е, само јас не. Сега ги сфаќам сите лаги во текот на овие години. Оваа ситуација е катастрофална за мене и за децата.”
Госпоѓа и господин Curran се венчале во април 1987 година и имаат две деца, 24- годишна ќерка и 21- годишен син.
Во бракот имале проблеми заради неверството на Мартин, кој во 2005 година признал дека има афера со госпоѓа Whiteside, која е глува. Кога госпоѓа Curran дознала за нивната врска, Мартин се заколнал дека ќе стави крај на тоа.
Госпоѓа Curran открила дека тие не само што не прекинале, туку и се венчале, откако случајно наишла на профилот на госпоѓа Whiteside на Facebook, каде видела слики од нивната венчавка на 30 јули минатата година.

Andrea Whiteside
По истрагата која сама ја направила, открила дека нејзиниот сопруг се венчал со таа жена.
Таа веднаш го пријавила случајот во полиција по што Мартин бил уапсен.
Но судиите одлучиле Мартин да биде ослободен бидејќи го признал делото и бигамијата траела релативно кратко време – 12 месеци.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кога е најдобро време за патување во бременоста?
Патувањето во бременоста не мора да значи откажување од одморите и пла...
Развој на плодот во третото тромесечје
Третото тромесечје од бременоста е последната етапа од патувањето до з...
Работа, семејство и време за себе
Усогласувањето на работата и семејниот живот е еден од најголемите пре...
Зошто е важна хидратацијата за здравјето?
Водата е еден од најважните предуслови за правилно функционирање на ор...
Совети за полесен живот и подобро ментално здравје
Секојдневието често носи многу обврски, очекувања и предизвици, поради...