|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Насмевката - ефикасен лек за душата и телото

Александра Ојлеска, 1.4.2011
Смеењето од срце ги изразува среќата и радоста, ги отстранува тагата, лошите емоции, чувството на замор, загриженоста, брзо го сцтрува вниманието од проблемите на убавите работи, ја спречува нервозата.....

image
/11


Смеењето од срце ги изразува среќата и радоста, ги отстранува тагата, лошите емоции, чувството на замор, загриженоста, брзо го свтрува вниманието од проблемите на убавите работи, ја спречува нервозата...

Сите понекогаш се чувствуваме тажни, повредени, несреќни, незадоволни, неразбрани и отуѓени од светотот, од другите луѓе, па и од самите себе. Некои тогаш одат во бар и бараат утеха во алкохолот, други се повлекуваат во самотија, трети се вклучуваат во весело друштво, четврти шетаат по улица и ги читаат духовитите графити од непознати автори, кои им мамат насмевка на лицето. Застануваат и повторно ги читаат и грохотно се смеат. Со смеењето исчезнуваат црните мисли и доаѓаат весели и разиграни мисли. Тажното лице станува ведро и не останува  ни трага од тагата. Смеењето е заразно, брзо преминува од едни усни на други и така за момент се смее цела група на луѓе.

Кога човек во животот ќе се најде во метеж, кога ќе го изнервираат соработниците, децата и пријателите, наместо својата  горчина да ја празни на другите, корисно е да се потсети на некоја шега, да се насмее, да заборави на лутината и да го раскаже вицот на оние што  го  налутиле. Не треба да се заборави  дека смеењето  е ефикасен лек за сите болести.

Смеењето е издувен вентил на нашата душа. Не штити, ја испушта внатрешната напнатост, не дозволува гневот, бесот и горчината да влезат во нашата психа и да ја затрујат, ги враќа животниот оптимизам, радоста, вербата во луѓето и во подоброто утре. Кој пее зло не мисли – вели нашиот народ, а кој се смее живее подолго – тврдат научниците. Песната, смеата и шегата се израз на здравјето, ведрината и задоволството. Со нив луѓето искажуваат радост, расположение, среќа и други позитивни емоции. Покажуваат дека се подготвени за весело дружење, а не за кавги и конфликти. Лицето со весел дух секогаш е насмеано, зрачи со среќа и радост и позитивно дејствува на околината. Насмевката, оптимизмот и ведрината создаваат пријатна атмосфера во која тажните се чувствуваат попријатно, подобро и барем на кратко забораваат на грижите, се ослободуваат од напнатоста и преземаат дел од разиграноста на насмеаните. Како што ќе каже Марк Твен: Нема кој може да одолее на смеата,  а Тед Енгсром тврди дека насмевката носи насмевка. Смеата е единствената зараза која ефикасно ги лекува душата и телото, ја ублажува напнатоста и ги ослободува акумулираните агресивни набои.

 

 Ја спречува нервозата

 

Смеењето е инстиктивна активност, својствена само за луѓето. Се манифестира со посебен израз на усните и лицето, а проследено  е со мимика и со гласовни реакции. Тоа е одраз на нашето расположение, здравје и способност за уживање во животот. Смеењето од срце ги изразува нашата среќа и радост, ги отстранува тагата, лошите емоции, чувството на замор, загриженоста, брзо го свртува вниманието од проблемите на убави работи, ја спречува нервозата... Смеата може да не направи среќни повеќе од гордоста,  повредна е од пари, подобро го смирува срцето од молитвите – тврди Хариет Рочлин. Таа е ефикасен лек за сите несреќи, кризи, проблеми и животни тешкотии. Фројд смета дека смеата ослободува од агресија, создава чувство на пријатност, добра волја, ведрина , оптимизам, веселост и здраво расположение.

Како да го постигнеме тоа? Многу е едноставно. Смејте се што почесто и повеќе. И во најтешката ситуација пронајдете ведра страна која ќе ве поттикне да се насмеете.

Да се расположите и да се развеселите. Нека насмевката на Вашето лице се појави веднаш штом станете од постела и не давајте и да побегне бидејки со неа работниот ден ќе помине побргу, полесно, посреќно и поуспешно. Својот  оптимизам, весело расположение и насмевка подарете им го на соработниците и на пријателите. Со тоа ќе им го разубавите денот. Насмевката ја гради среќата во домот, создава добро расположение на работа и е знак за пријателство. Таа му носи одмор на слабите, радост на обесхрабрениот, сончеви зраци на тажниот и е најдобар лек за тагата. Ако сте нарасположени, загрижени и тажни поради некои непријатности, неуспеси или проблеми, дозволете им на колегите, соработниците и на пријателите да Ве насмеат и да Ви помогнат да се отпуштите. Преземете го  нивниот оптимизам и радоста, добронамерно поделете ги со нив среќата и радоста. Уживајте ! Во својата околина откријте случувања кои ќе Ви помогнат да се развеселите, отпуштите, релаксирате и да се насмеете. Некои луѓе се толку уморни што дури ни насмевка на можат да Ви дадат. Затоа, дајте им ја Вие, бидејки таа им е најпотребна на оние што не знаат или не можат да се насмеат.

 

Не може да се научи

 

Тоа е способност на луѓето да ја откријат смешната страна на случувањата, ситуациите, постапките, да ги приспособат и да ги обликуваат на духовен начин и по усмен или пишан пат да предизвикаат радост, ведрина и смеа.

Постои и т.н. црн хумор, кој на забавен начин открива лоши мисли, болни и сурови постапки, ситуации  или  од  вистински настан прави црн хумор. Експертите тврдат дека хуморот е  карактерна црта на избалансираните, самосвесни, флексибилни и толерантни лица и дека не може да се научи. Или се поседува или не. Тој е внатрешна вредност, длабоко вкоренет поглед на светот и на настаните во него.

 Но и без смисла за создавање и интерпретирање хумор, некои луѓе може да имаат весела природа, убаво и емотивно, силно уживаат  било во слушање шеги, вицови, измислици и забелешки. Весели се, насмеани, секогаш подготвени за шеги, а нивното срце е исполнето со радост. Насмевката не чини пари, а  дава толку многу ! Го збогатува оној што ја прима, а не го осиромашува оној што ја дава.

 Хуморот отсекогаш ги окупирал луѓето. Добрата комедија,  хумористичната претстава и сатира секогаш ги полнеа  театрите.

Постојат неколку видови хумор. Кај народот, посебно помеѓу мажите, најпопуларен е  хуморот кој се заснива на сексуалните алузии. Софистицираните луѓе го ценат хуморот без агресија, насилство, вулгарност и двосмислена сексуална конотација, кој се темели врз контрадикторностите и врз играта на зборови. Луѓето кои уживаат во мали работи, кои се ведри и добро расположени претпочитаат лесен , случаен и ненасилен хумор. Политичко-општествениот хумор е својствен  за луѓето  кои  ги  интересираат политичките случувања во нивното потесно и пошироко општествено опкружување. Циничните луѓе уживаат во хумор со одредена доза на насилство и садизам.

 Повеќето луѓе сакаат добри шеги и вицеви, со задоволство гледаат комични претстави, духовити сатири, а се одушевени од хумористично забавни шоуа, кои ги насмевнуваат и ги прават по радосни.

Хуморот е перцептивен процес, а насмевката облик на однесување, одговор на хуморот. Ова однесување создава предвидливи физиолошки промени во телото. Како и по другите вежби има  две фази на одговор на телото: фаза на возбуда каде што физиолошките параметри се зголемуваат и фаза на попуштање кога  се враќаат во нормала и во состојба  на  мирување. Во текот на подолго смеење се зголемува работата на срцето, понекогаш и над 120 отчукувања во минута, а се зголемуваат и длабочината на дишењето. Протокот на крв  во периферните крвни садови се зголемува поради вазодилатацијата. Активни се бројни мускулни групи, дијафрагмата, стомачните, меѓуребрените, дишните и мускули на лицето, понекогаш и мускулите на рацете, нозете, грбот...

 

Добар виц, смеа до солзи

 

Нема човек кој во животот барем еднаш не се насмеал од срце на добар виц, на шеговито дофрлување или пак уживал во духовит и брилијантен хумор. За вицот да биде смешен и за да ве насмее од срце важни се три лица – авторот, интерпретаторот и слушателот.

Занимавањето со хумор е многу сериозна работа. Авторот мора  да има инспирација, да пронајде  тема и смешно да ја обликува. Тоа бара многу инвентивност, талент и вештина. Вицот мора да биде кус, смешен и да предизвика бурна смеа. За да  се  предизвика  насмевка или бурно смеење кај слушателот или читателот, интерпретаторот мора да вложи максимум напори и вештина, добро да внимава на секој збор и на интерпукцијата, која може да му даде различна конотација. Колку пати лошо раскажан виц не оставил рамнодушни, а во друга интерпретација би „умирале“ од смеење. Оној што раскажува може да го упропасти и најдобриот виц, но и лошиот виц да го раскаже креативно така што сите слушатели ќе се насмеат до солзи. Понатаму, вицот  треба професионално да се осмисли и да се напише, треба да се знае да се раскаже така што ќе ги насмее сите слушатели. Вреди да се знае и да се слуша, да се разбере пораката и да се доживее веселата и смешна страна страна. Веселото срце му дава на лицето весел израз – вели една англиска поговорка. Американската терапевтка Анет Гудхарт, која со години со смеа лекува различни нарушувања, тврди дека„кога би можеле да се смееме како децата, би имале иста виталност на срцето“, а друг експерт нагласува дека „смеењето не му прави добро само на срцето, туку го поттикнува и растот бидејки дејствува на лачењето на хормонот за раст“.

Вицот е кратка, мудра, точна и весела изрека која на духовит и интересен начин изразува некоја мисла. Тој по содржина мора да биде јасен, кус ,смешен и вешто раскажан. Тоа е вештина што не ја поседуваат сите. Добриот виц секогаш е интересен  и  никогаш  не старее. 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Фризерите ја открија идеалната боја на коса
Не можете да погрешите со оваа боја!
3
Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2
Во шопинг по совршена венчаница
Што треба да имате на ум…( 6 совети за купување венчаница)
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?