Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Лето е, топло е, врело е. Со децата сум по 24 часа. Подготвување на појадок, ужина, ручек, ужина, вечера...Играње, скокање, шетање, хранење, валкање, плачење, мочкање, какање и така во круг. Немам време за себе, за туширање и самостојно одење во тоалет. Си недостаувам на самата себе, ми недостасува тишина и мир. Сонувам за моментот кога ќе можам да ги спрострам алиштата без детските раце на моите нозе и плачот да ги земам во раце. Да прочитам книга, да направам нешто за себе, нешто што само јас го сакам.
И така...четири години подоцна го имам сето тоа за што сонував и така се разнежнувам кога ќе ги видам овие фотографии. Се сеќавам на моментите поминати со бебињата, се сеќавам на мирисот на свежо направениот ручек, мирисот на свежо испрани алишта, мирисот на детската коса и нежното главче кое ќе се потпре на моите гради со желба да го утешам. И ми недостасува...Сето тоа ми недостасува и посакувам тогаш да бев свесна дека се' ќе помине многу брзо, да се опуштев и малку повеќе да уживав во тој период. Периодот во кој единствено нешто кое им беше потребно беше мојата љубов, разбирање, прегратка, тивка приспивна песна и внимание. И неколку лажички здрав оброк...
И затоа, поддршка за сите мајки кои моментално се со своите бебиња, кои понекогаш ѕиркаат од телефон да ги проверат општествените мрежи и да почувствуваат дека и тие се дел од тој свет на возрасни кој не гуга, на кој времет многу бавно му поминува, на кои им недостасува работа, дружење, книга, излегување, сон... Брзо ќе помине тој период, многу побрзо отколку што можете да замислите. А потоа ќе ви останат само фотографии, кои ќе ги гледате со носталгија, бебешките локни залепени во радосница, по некое урамено чорапче и убав спомен на тој дел од вашиот живот...И прашањето: “О, зошто не уживав малку повеќе...?”
Преземено: Гараводели
забава Бремените
Автор: bobik
Вековната дилема конечно добива подлабоко објаснување. Дали пилешкото ...
Избегнувајте ги овие 2 пијалаци
Нашето тело е прецизен хормонски механизам. Секојдневните избори кои г...
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Мали ритуали без кои ништо не ќе биде исто
Многу луѓе не ги оставаат овие навики дома, дури ни кога се на одмор....
Музика за бебето уште пред да се роди – мит или наука?
Многу идни родители пуштаат музика на нивниот стомак, верувајќи дека б...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.