|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Како ја изгубив љубовта на својот живот?!

Анонимен автор, 30.3.2021
Бевме млади, уште деца, гледано од денешен аспект.Се сретнавме сосем случајно, како што и започна нашата љубов, нашата врска која го донесе денот кога тој ми понуди прстен...Прстен чија тежина никогаш не ја почувствува мојата рака...

image
/11


 

Уште од дете знаев дека кога ќе пораснам, мора да ја превземам адвокатската канцеларија на татко ми. Напорно работев за да го заработам неговото внимание, секоја нова петка беше причина за да ми се насмевне, а секоја макар четворка, за да ме испрати во мојата соба со строгото потсетување - вака адвокат не бива.

И тогаш, едно лето, животот за мене доби нова димензија. Го запознав него. Беше толку поинаков, слободен, среќен, без стеги од родителите. Можеше да биде што ќе посака кога ќе порасне. Девизата му беше - живеј денес. Ме освои со својот немирен дух. Имавме по 15 години. Прва љубов, што ти значела таа.

Кога дојде време за уписи на факултет, бев меѓу првите примени на правниот факултет. Тој рече дека една година ќе паузирал. Ќе го живеел моментот. Почна да работи во кафетерии, во ноќни клубови, додека јас учев. Секогаш имаше полн џеб, пари заработени со свој труд.

Но за моите родители тој едноставно не беше доволно добар. Не за нивната ќерка единица, идниот адвокат во татковата канцеларија. Ме сакаше. О, колку ме сакаше. На сето мое притискање, се запиша на факултет. Еден поен за него во очите на моите родители. Но се остана на тоа. Не се ни потруди да учи, камо ли да го заврши. Така почнаа кавгите. Така почнав да бегам од предавања за да се смириме. И така дома ме чекаа нови предавања од моите - тој не е за тебе.

Колку сум го сакала и колку бил за мене, гледам сега...
Бев втора година на факултет кога ми понуди се или ништо. Извади прстен и ми даде време за одговор - ние двајца против светот.

Моите победија. Ме натераа јас да бидам таа која ќе даде ултиматум, па така направив. Дадов рок од една година, доколку заврши прва година на факултет, ќе го прифатам прстенот. Но, тој едноставно не беше човек кој ќе дозволи да биде обликуван од некого. Караницата беше брутална. Со денови немаше одговор на телефон. А во меѓувреме, моите ми наоѓаа "прилики" кои биле соодветни за мене. Па по неколку обиди, најпосле ме натераа на состанок со еден потенцијален сопруг, адвокат по мерка на татко ми. Најглупавата средба во животот, но како судбината да си поигра со мене - баш тогаш мораше да ме побара тој, мојата љубов, со желба да ми каже дека почнал на факултет и дека гледа иднина за нас, баш во тој момент, мораше да ме види на мојот т.н. состанок! 

Наредно што дознав за него беше дека заминал во друг град и дека има неброени девојки. Никогаш не ми возврати на повиците. 

Ги замразив моите родители. Желбата со која ме хранеа од дете - да бидам адвокат - згасна. Учев, но без волја. Набрзо, имав прилика да заминам во странство. Запишав друг факултет, започнав друг живот. Немав нова љубов со години. Со бившиот стапив во контакт преку фејсбук после точно 5 години. Уште живееше ден за ден, без стабилна работа и иднина. Единствено, имаше стабилна врска со скромна девојка. Ми кажа дека не ни помислувал на мене, дека се сеќава на детски будалаштини од "нашето време", дека сегашната врска е тоа што е вистинско... 

Иако од тогаш поминаа 14 години, јас сум омажена и имам дете, живеам надвор од нашата држава и воопшто не ни помислив на бившиот со години, оваа корона криза ме натера да погледам назад и уште еднаш да зажалам што го изгубив. 
Иако завршив одличен факултет, изградив завидна кариера, се омажив за добро ситуиран човек и сум исполнета мајка, времето кога поради карантинот сите бевме приморани да сме дома, увидов дека сум се омажила за човек кој не ме сака, дознав дека има љубовница, гледам дека со синот немам доволно теми на разговор колку што треба, и сфатив дека поминувам повеќе време демнејќи го фејсбук профилот на бившиот, кој има прекрасно семејство, работа на која многу би му подзавиделе, сопруга кога покрај него блеска, иако има сопруг без факултет. 

 

1


Авторите на скриените писма остануваат непознати за јавноста.

Рингераја.мк гарантира НЕ откривање на нивниот идентитет.


Станете и вие анонимен автор на Рингераја.мк

Испратете e-mail на glaven.urednik@ringeraja.mk

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Реакции за “Величествениот” во Турција
“Muhtesem Yuzyil” или “Величествениот век”, е раскошна сапунска опера за животот на Сулејман Величествениот и Хурем, р...
3
Саша Ковачевиќ: Не сум подготвен да се женам
Поп пејачот Саша Ковачевиќ е со години омилен изведувач меѓу женската публика, како заради атрактивниот изглед, така и з...
3
Интервју со Александра Илиевска–водител на...
Александра Илиевска, на сите нам добро познато ТВ лице, најмногу препознатлива по белото перче во косата, широката насме...
3
Морската вода и песокот не прават поубави
Повеќето од нас веројатно слушнале дека морската вода е добра за нас, но знаеме ли зошто тоа навистина е така?
3




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?