|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Како да го "зачините" бракот?

Редакција Рингераја, 9.12.2011
Како да излезете од брачната рутина и да ја зачините врската со партнерот? Еве неколку совети кои ги предлагаат брачните советници и кои може да Ви бидат од корист.

image
/11


 

1. Кажете НЕ на рутината

Излезете и забавувајте се, како што го правевте тоа додека бевте во врска. Но внимавајте, тоа не смее да биде дел од рутината, туку Ваша искрена желба. Сетете се што е она што најмногу сакавте да правите заедно кога почнавте да излегувате. Можеби гледање филмови, долги прошетки, ручек надвор од домот...

 

2. Обидете се да зачувате малку мистерија

Не мора да знаете се' што прави Вашиот партнер. Не морате да ги читате пораките во неговата пошта, од профилот на Фејсбук, или мобилниот телефон. Излегувајте насамо со пријателките, како и тој со пријателите. Малку мистерија и слобода е секогаш добредојдена за да ја зачини врската.

 

3. Секс, нормално

Зафатени сте, уморни и многу често го заборавате нештото кое што е многу важно за здрав и среќен брак - сексот. Докторите велат дека што помалку го имате, Вашето тело се прилагодува и ја намалува желбата. Од друга страна пак, паровите кои имаат секс неколку пати неделно, уживаат во поквалитетен заеднички живот.

 

 4. Одложете ја кавгата

Постојано дебатирате за проблемите кои ги имате? Стоп! Брачните советници предлагаат да направите договор и барем неколку недели да не решавате проблеми. Барем малку одложете ги и видете што ќе се случи доколку нема кавга. Понекогаш со тоа се открива дека всушност нешто сосем друго Ви пречело или пак може да сфатите дека проблемот воопшто не заслужувал внимание и нервоза.

 

5. Куќна работа-правете ја заедно

Многу истражувања покажале дека брачните двојки кои ја работат куќната работа заедно, имаат повеќе секс.  Тоа има некаква врска со работата во тим. Истражувачите во Холандија откриле дека клучот за женската потреба за секс, лежи во релаксацијата и отсуството на аксиозност.

 

Како најважно, БИДЕТЕ СПОНТАНИ И ПОЛНИ СО ЖИВОТ! Така повеќе ќе се почитувате и ќе ја негувате љубовта.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Топ модели на мали црни фустани
Вечниот шарм на малите црни фустани не може да се порекне. Затоа, за вистинските модни класици, кои најдобро се чувствув...
3
Фото: Модни предлози за новогодишната ноќ
Бидете поинакви и извонредни на божиќната или новогодишната забава! Ви нудиме 30 модни идеи, со кои не можете да останет...
3
Како Филе ја запроси Весна?
Во ниту еден момент не можев ни да замислам дека токму на тој начин ќе ме побара за сопруга. Бев на подготовки во Струми...
3
Денес е светскиот ден на насмевката
Направете добро дело. Помогнете некому да се насмевне! Денес ширум светот се прославува светскиот ден на насмевката, па ...
3




Анкета

/
Jana9

Koe od mesva vaset_o dete najmnogu saka da go jade?

Telesko (0%)

Svinsko (0%)

Jagnesko (0%)

Pilesko (0%)

Riba (0%)

Ne jade meso (100%)


Број на сите гласови: 1

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!