vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
/11
Таа никогаш не го пропушта појадокот. Обично појадува варени јајца, чаша чај, лесен сендвич со црн леб, овошје. Пред оброците и во попладневните часови каснува нешто малку, што не содржи повеќе од 150-200 калории како или грст бадеми.
За ручек секогаш се застапени корисни протеини. Почесто консумира риба и поретко пилешко и црвено месо. Кон нив додава свежа салата, ориз, грав. За вечера јаде риба, суши или бистра супа од зеленчук.
Општо земено, таа се храни по пет пати на ден. Понекогаш јаде чипсови и сладоледи, но потоа го прочистува организмот со јаболкова диета. Режимот трае пет дена.
За време на диетата, избегнувајте консумирање на шеќер и сол.

Прв ден
Појадок, ручек и вечера се состојат само од јаболка. Треба да консумирате не повеќе од 1,5-2 кг јаболка во текот на целиот ден, како и многу вода и билен чај засладен со мед.
Втор ден: Појадок и ужина по една-две јаболка
За ручек: Зелена салата со кромид, малку урда, зачинета со лимон
Вечера: Чинија со печени компири
Трет ден
Појадок: Едно парче пченкарен леб со парче шунка, 1 јаболко, чај или кафе
Ужина: 1 јаболко
Ручек: Зелена салата со моркови и кромид.
Ужина: 1 јаболко
Вечера: 2-3 јаболка

Четврти ден
Појадок: Еднo парче пченкарен леб со парче шунка, 1 јаболко, чај или кафе
Ужина: 1 јаболко
Ручек: Барен зеленчук, парче печена риба, зачинета со лимон
Ужина: 1-2 јаболка
Вечера: Чаша нискомаслен јогурт со две јаболка
Петти ден
Појадок: 1 јаболко, 1 тврдо варено јајце, 1 парче пченкарен леб
Ужина: 1 јаболко
Ручек: Салата од свеж зеленчук, зачинета со лимон, парче печено месо
Ужина: 1-2 јаболка
Вечера: Чинија печени компири
3
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Чести причини за будење навечер кај децата
Ноќното будење е многу често кај бебињата и малите деца. Некои деца се...
Како да го пронајдете вашиот реален ден на овулација?
Овулацијата не се случува секогаш на истиот ден од циклусот. ...
Раѓањето на дете е еден од најубавите, но и најголемите предизвици за ...
Безбедно разладување на просторија каде што спие бебето
Во топлите летни денови, високите температури можат да бидат непријатн...
Слатки или кисели јаболки, кое за што е најдобро?
Јаболката се едно од најздравите овошја и заслужено го носат епитетот ...