Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Шејк од темно чоколадо
Да, црното чоколадо може да биде ваш сојузник кога сакате да го стопите вишокот килограми. Сепак, не претерувајте со негово консумирање. За да си направите чоколаден шејк ви треба црно чоколадо, мраз, ниско калорично свежо млеко кое може да го замените со соја или бадемово млеко.
Замрзнат пијалок од ананас
Ананасот е еден од препорачаните овошјa, кога сакате да го симнете вишокот килограми. Богат е со бромелаин - ензим кој помага во варењето и ја ублажува подуеноста на стомакот.
За да си направите замрзнат пијалок од ананас, ставете неколку парчиња свеж ананас во блендер, додадете мраз , ленено семе и по желба неколку ливчиња нане. Сето добро изблендирајте го и пијте го со сламка.
Ладен зелен чај
Освен што го намалува ризикот од рак и срцеви болести, зелениот чај содржи катехини, антиоксиданти, кои може да помогнат во намалување на стомачните масти. Ако консумирате зелен чај пред тренинг, овие соединенија може исто така да го зголемат согорувањето на мастите.
Важно е да консумирате чај, кој вие сте го подготвиле, а не флаширан, бидејќи тој е полн со шеќери и додатоци кои го спречуваат топењето на масти .
Лимонада
Мраз студенa и домашно приготвена лимонада не само што ќе ве разлади, но и ќе се грижи за вашата половина. Содржи помалку калории и може да консумирате колку сакате , без да чувствувате вина.
За да ја направите максимално здрава и корисна, освен лимони (или други свежи овошје), додадете вода, мраз и ливчиња од ментол. Засладете ја со мед, а не со шеќер.
Овошна вода
Во летните денови е особено важно да останете добро хидрирани. Пиењето големи количини вода му помага на телото да одржува соодветна рамнотежа на течности, го запира задржувањето на вишокот течности, го зголемува чувството на ситост, што ве тера да јадете помалку.
Но, ако не сте љубители на водата, секогаш може да додадете малку свеж сок од лимон, нане, свежи малини или овошни коцки мраз.
Фреш од лубеница
Уште еден одличен начин да го хидрирате телото и да имате секси рамно стомаче е фреш од лубеница. Содржи малку калории, многу вода, корисни хранливи материи, како најважните аргинин и ликопен, кои штитат од развој на некои видови рак.
Ладен чај од нане
Нането освежува и може да ја угаси вашата жед, но исто така делува и позитивно врз мастите наталожени во пределот на стомакот. Со овој чај ќе ја намалите подуеноста и ќе ги зајакнете вашите метаболички процеси.
Сварете чај од нане и изладете го добро. Додаде му мраз и малку мед и уживајте во вкусот додека мастите се топат.
4
4
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Практични совети за полесни денови со новороденче
Доаѓањето на новороденче во домот носи огромна радост, но и многу нови...
Исхрана за повеќе млеко, рецепти за доилки
Создавањето на мајчино млеко зависи од повеќе фактори како честотата н...
Листа на испитувања за годишен гинеколошки преглед
Редовните гинеколошки прегледи се клучни за рано откривање на промени ...
Протеински појадоци за трудници со утрински мачнини
Утринските мачнини се чест дел од бременоста, особено во првото тромес...
Како да се справите со постпородилниот замор?
Постпородилниот период е исполнет со радост, но и со големи физички и ...
Дете.
пеперутка16
Дали некогаш ви се случило возрасен, близок или не, да го удри вашето дете во ваше присуство и како реагиравте?