vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Заради забрзаното темпо на работа, при што 12–16 часа во денот поминува на снимање, глумецот практично нема слободно време и приватен живот, но затоа по секој сет снимање се враќа кај сопругата Бергузар и синот Али.
Иако во Турција има и помлади и попривлечни глумци, Халит Ергенч веќе неколку години е најпопуларен турски глумец и најдобар извозен производ. Неговата ѕвезда блеска во полн сјај откако со своите небесно сини очи ја маѓепса својата Шехерезада во серијалот 1001 ноќ – бидејќи глумицата која тогаш го глумеше тој лик ја освои и во стварноста. Улогата на Сулејман Величествениот придонесе уште повеќе за неговата исклучителна популарност.
Заради забрзаното темпо на работа, кое започна од мај 2010. година, при што 12–16 часа во денот поминува на снимање подготвувајќи се за улогата, глумецот практично нема слободно време и приватен живот. За среќа серијалот се снима во Истанбул, па секој ден доцна навечер се враќа дома кај сопругата Бергузар Корел и синот Али.
- Бергузар и Али се најважните личности во мојот живот и многу се трудам да бидам грижлив татко и сопруг. Најтешко ми е кога неколку денови со ред нема да го затекнам Али разбуден, кога доцна навечер ќе се вратам дома, бидејќи обично излегувам пред тој да се разбуди. Но се тешам дека и тоа снимање еднаш ќе заврши, а тогаш сигурно ќе заминеме сите тројца некаде на подолг одмор, за да му надокнадам донекаде се' што пропуштив сите овие години – изјавува Халит Ергенч кого ни малку не го погодуваат гласините дека бракот му е во постојана криза заради константната раздвоеност со Бергузар и многубројните предизвици во ликот на убавици со кои постојано е опкружен на снимање.
Продолжува...
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кога е најдобро време за патување во бременоста?
Патувањето во бременоста не мора да значи откажување од одморите и пла...
Развој на плодот во третото тромесечје
Третото тромесечје од бременоста е последната етапа од патувањето до з...
Работа, семејство и време за себе
Усогласувањето на работата и семејниот живот е еден од најголемите пре...
Зошто е важна хидратацијата за здравјето?
Водата е еден од најважните предуслови за правилно функционирање на ор...
Совети за полесен живот и подобро ментално здравје
Секојдневието често носи многу обврски, очекувања и предизвици, поради...