|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

ikki: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 18.4.2011
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/51


 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

 

Детали

Ник: ikki

Датум на породување: 08.06.2010 година 

Тип на породување: природно

Болница: ГАК

 

 

Кога дознав дека сум бремена не можев да поверувам дека јас ќе станам мајка. Бев возбудена а воедно и многу среќна. Со нетрпение чекав да дојде 14 јуни, денот кога моето најмило требаше да биде во моите прегратки. И така со нетрпение поминуваше времето. На 7 јуни се разбудив со слаба болка во стомакот, си помислив еве го малото ангелче кое ми праќа сигнали за да излезе. Чекав да добијам почести контракции за да појдам во болница меѓутоа тие беа постојано исти, проследени со слаба болка. Во попладневните часови болката исчезна, стомакот ми беше спуштен мислев дека ќе ми падне, па со рацете си го придржував. Вечерта почувствував болка само што овој пат беше многу посилна. Ноќта отидовме во ГАК, ме прегледаа на ЦТГ и ми рекоа да се вратам дома, слаби биле контракциите немало да се породам сеуште. Се вративме дома и маж ми легна да спие и јас до него мислев дека ќе можам да заспијам за да ја заборавам болката, меѓутоа не беше така. Болката стануваше се посилна и посилна. Не можев да издржам и околу 6 часот решив пак да одам во болница. Облекувајќи се забележав течност на подот, водењакот само што ми пукна. Отидовме во болница, ме прегледаа и ме сместија во соба. Таму чекав целосно да се отворам. Како што минуваше времето така контракциите беа се почести и почести, а болката се посилна и се понеиздржлива.  Ми донесоа ЦТГ во собата и ми рекоа да не мрдам. Од болка почнав да викам, не можев да издржам, секакви мисли ми идеа на памет. Чувствував напон, и кажав на докторката но не ме однесоа на бокс. Ме оставија уште да стојам до креветот во собата приклучена на ЦТГ.  Во тој момент се изгубив од болка, за периодот од 13:00 часот до 13:30 не се сеќавам на ништо. Околу 13:30 ме однесоа на бокс. Во еден момент кога давав напон почувствував како млаз излегува од мене. Ја кренав главата и го здогледав тоа прекрасно суштество. Чекав да слушнам плач за да се уверам дека е во ред, во тој момент таа заплака. Почувсвував спокој... Ми дадоа анестезија и заспав. Кога се разбудив бев нестрплива да ја видам мојата мала принцеза, да ја бакнам...
Кога ми ја дадоа, ја гушнав и се почувствував најубаво, најсреќно, најсмирено.. бев среќна бидејки во моите раце го држев најубавото суштество...
Тој ден 08.06.2010 беше највозбудливиот и  најемоционалниот ден во мојот живот, бидејки во 13:50 часот се роди мојата ќеркичка Андреја.

 

 

Рингераја и посакува среќно детство на Андреја !

 

 

Топ 10 породилни приказни


nadica: Мојата породилна приказна

Anushka: Мојата породилна приказна

Тања: Мојата породилна приказна

kikicka: Мојата породилна приказна

cecka: Мојата породилна приказна

ananikol: Мојата породилна приказна

AnnaMolly: Мојата породилна приказна

мичо: Мојата породилна приказна

Ели: Мојата породилна приказна

Palce: Мојата породилна приказна

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Која е разликата помеѓу 3D и 4D?
Со три димензиoналниот ултразвук, можете да ги видите лицето, кожата, полот и обликот на цртите на лицето на бебето. Што...
4
Хормон на бременоста – hCG
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
3
5 оброци кои трудниците треба да ги консум...
Многу од жените мислат дека кога ќе бидат бремени можат да јадат се што ќе посакаат. После сe, јадете за двајца, така? З...
3
Правилна исхрана во 3-от триместар од брем...
Откријте која храна ви треба вам и е потребна за развој на вашето бебе во третиот триместар од бременоста ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?