vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
/11
Мускулите на дланката и прстите се клучни за пишување, цртање, самостојно облекување и фина моторика.
Постојат едноставни и забавни игри кои ги зајакнуваат овие мускули.
Зошто е важно да се јакнат мускулите на дланката?
Слабата фина моторика може да доведе до: тешкотии при држење на молив, брзо заморање при пишување, помала прецизност во движењата, а со тоа фрустрација кај детето.
Редовните активности со рацете ја развиваат силата, координацијата и самодовербата.
1. Игра со пластелин или тесто
Детето пластелинот или тестото може да го стиска, тркала и обликува. Може да се прават фигури, букви или животни. Оваа активност ги активира сите мускули на дланката и прстите.
2. Штипки за алишта, мала игра со голем ефект
Дозволете му на детето: да закачува штипки на картон или да прави облици или броеви со нив. Стискањето на штипките е одлична вежба за зајакнување на прстите.
3. Префрлање зрна или мали предмети
Со лажичка, пинцета или прсти вашето дете нека префрла од едно на друго место: грав, леќа или монисти. Оваа игра ја подобрува прецизноста и контролата.
Напомена: Оваа игра секогаш се игра под надзор кај помали деца.
4. Кинење и лепење хартија
Дозволете му на детето да кине хартија на мали парчиња и да лепи колаж. Оваа активност ја јакне дланката и ја развива креативноста.
5. Игра со сунѓери и вода
Детето може да натопува сунѓер и да го стиска за да излезе водата. Оваа игра е одлична за силата на дланката, особено во лето или во бања.
6. Навртување и одвртување капачиња
Користете пластични шишиња или тегли со различни големини за оваа игра. Со неа се развива ротацијата и стабилноста на дланката.
7. Цртање и боење со различни алатки
Вашето дете нека пробра да црта со: дебели боички, креда и фломастери. Различните големини ја стимулираат контролата и силата на фатот.
Како да ги вклучите игрите во секојдневието?
Играњето нека биде кратко, но редовно, на пример 10 до 15 минути дневно. Нека биде забавно, а не да се чувствува како обврска. Детето нека ја избере играта, а вие бидете му пример.
Зајакнувањето на мускулите на дланката не бара скапа опрема или апликации. Понекогаш, наједноставните игри се најкорисни. Со малку време и креативност, можете да му помогнете на детето да развие важни вештини додека се забавува и расте.
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Желудочни киселини во првиот триместар
Покрај мачнината и заморот, првите недели од бременоста кај некои жени...
Исхрана за подобра плодност после 30-тите
По 30-тите, грижата за репродуктивното здравје станува уште поважна. ...
Пред двете цртички, не заборавајте на фолната киселина
Грижата за здравјето на идното бебе започнува уште пред да се појават ...
Дали во бременоста треба да пиете повеќе течности?
Поголемата жед во бременоста не е необична. Телото постепено се приспо...
Кај некои жени симптомите се појавуваат само неколку дена пред менстру...