Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Ако е тоа така, научете нешто повеќе за стравот од одвојување.
Стравот од одвојување или сепарационите стравови најчесто се јавуваат во детската возраст и во адолесцентниот период од животот.
Кога вашето дете е мало тогаш стравот е нормален. Страв од одвојување како нарушување е можен кај деца помлади од шест години. Но, сепак најчесто се јавува кај постарите деца.
Се карактеризира со следниве знаци. Постојана нервоза или вознемиреност во врска со излегувањето од домот, да се биде оддалечен од родителот и/или при помисла на оваа оддалеченост. Детето постојано е загрижено и стравува од загуба на родителот или страв дека тој ќе биде повреден. Манифестира страв дека ненадејно и насилно ќе биде одделен од родителот/старателот, како на пример дека ќе биде киднапиран. Има отпор да оди на училиште или да го напушти домот.
Се плаши да биде само дома или во друга средина без родител или возрасен човек. Одбива да спие без присутен родител/лице што се грижи и вознемиреност при спиење надвор од дома. Постојано има кошмари во врска со одвојување или слични вознемирености. Има физички симптоми кога постои можност за сепарација, вклучувајќи вртоглавици, главоболки, гадење, срцебиење.
Се проценува дека околу 4 % од децата и адолесцентите имаат страв од одвојување. Се смета дека е поголем бројот на девојчиња што страдаат од ова нарушување. Децата и адолесцентите што живеат во опасни соседства може погрешно да бидат дијагностицирани со таа дијагноза. Иако точната причина за страв од одвојување не е позната, постојат извесни ризик-фактори и тие го вклучуваат следното: смрт или болест во семејството, преселба во друг дом, траума (вклучувајќи и физички или сексуален напад).
Успехот во третманот кај ова нарушување е голем, но сепак тоа може да се јавува и да се повлекува, а на моменти да биде и мошне интензивно. Нарушувањето може да доведе до панични напади со страв од отворен простор кога детето ќе порасне. Ако некоја личност продолжи да има страв од одвојување како возрасна тој/таа може да има тешкотии при селење, склучување брак и подоцна при оддалеченост од сопругот/сопругата или децата.
Како и кај сите други неврози, рана интервенција значи и поуспешно закрепнување.
Како терапија може да се применат психотераписки техники. Во терапијата се вклучуваат вежби за да му се помогне на детето да се соочи со вознемиреноста. За време на психотераписките сеанси се разговара за потиснатите стравови и грижи.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Улогата на нежната масажа кај бебињата
Нежната масажа кај бебињата е повеќе од пријатен момент за вашето бебе...
Мирисот на бебе, меморија што никогаш не бледее
Постојат спомени што ги носиме како слики, други како зборови, а некои...
Брзо темпо на живот и нередовни оброци
Современиот начин на живот често подразбира постојана брзање, многу об...
Како правилно да го четкате првото забче кај бебето?
Појавата на првото забче е важен момент, но истовремено и почеток на р...
Хипертиреозата, односно зголемената активност на штитната жлезда, е со...
Кофеин за време на бременост.
пеперутка16
Дали е здраво да се пие многу кофеин за време на бременост, дали влијае на здравјето на бебето? Колку кафе мислите дека е „дозволено“ да се пие дневно за време на бременост?