|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

И родителите водат љубов, зар не?

Редакција Рингераја, 18.2.2014
Едно од најчесто заборавените родителски права е она кое се однесува на приватноста. Верувале или не, иако сте родител, вие се уште имате право на сопствен живот

image
/11


 

 

Со улогата на родител како да изгубивте некои права кои дотогаш ги имавте. Зафатени со секојдневните обврски и насочени кон детето, заборавивте на себе, на своите потреби, желби и права. Така, во вашите родителски права се вбројува и правото некогаш да бидете уморни, некогаш да не сте расположени за игра со детето, нешто да не знаете и т.н.

Вие се уште имате право на сопствен живот, иако станавте родител, односно можете да одите во кино без детето, да јадете без постојано некој да ве прекинува, да поминете ноќ кај пријателите и се разбира, право на сексуалност... Само од вас зависи колку ќе се организирате за да ги постигнете овие права, колку ќе инсистирате на нив и колку ви се важни.

Сепак, морате да мислите на вашите деца и да бидете внимателни. Она што е за вас најприродно, за децата може да биде трауматично. Со родителството се менува и вашиот сексуален живот. Еден од новите аспекти е што сега може да имате посматрачи и неповикани сведоци.

Кога детето ќе ве фати на дело, односно при сексуален чин, неговата реакција во главно ќе зависи од возраста, а вашата од тоа како ќе му го објасните овој чин.

 

Бебе

Многу родители ја делат собата со бебето. Чекајќи малку да потпорасне, па да го преселат во негова соба, многу честа појава е креветчето на бебето на биде во собата кај родителите. Понекогаш бебето спие и во ист кревет со родителите. Во овој период родителите се послободни во сексуалниот живот, бидејќи се уверени дека бебето не разбира што се случува околу него и ништо не може посебно да го вознемири. Но, дали е баш така? Стручњаците за детска психологија сметаат дека некои впечатоци се врежуваат длабоко во свеста на бебето. Според нив, она што бебињата не го разбираат, она што ги збунува, или на било кој начин им е необично – во свеста се втиснува како траума. Факт е дека бебето не може да го разбере тоа што се случува, но ќе биде вознемирено од необичните звуци и глетката во која родителите се во поинаква улога од вообичаената.

 

Предшколска возраст

Околу третата година почнува интензивен развој на половиот идентитет. Тогаш повеќето деца се доживуваат како припадници на сопствениот пол. Наскоро ќе почнат половите игри (мајки и татковци), како и игрите на улоги (учителка и деца). Околу четвртата година децата имаат нејасна претстава околу тоа како настануваат бебињата, а во недостаток на информации градат сопствена верзија (на пример мислат дека кога жената многу јаде станува дебела, па ќе роди дете, или кога мажот и жената се бакнуваат настанува бебе).

Од друга страна, повеќето родители кои се обидуваат на оваа возраст да објаснат како настануваат бебињата, се користат со едноставен јазик за да може детето да разбере. Во овие објаснувања родителите забораваат да нагласат дека возрасните имаат сексуален однос затоа што меѓусебно сесакаат, а не затоа што сакаат да имаат бебе, односно дека сексуалноста не е поврзана со бебињата.

 

Ученици

Во пониските одделенија од основното училиште децата имаат мноштво информации, но се несигурни во нив. Немаат лично искуство, а со возрасните од својата околина немаат добра комуникација за да можат да разговараат за своите дилеми. Тие знаат дека сексуалниот однос на нивните родители не значи подготовка за ново бебе, но кога ќе ги затекнат своите родители во сексуален чин, се чувствуваат засрамено и збунето. Ова чувство на срам е карактеристично за оваа возраст. Заради тоа е потребно на учениците многу конкретно, но деликатно и внимателно да им се објасни она што го виделе во собата на родителите. Исто така внимавајте, она што за вас е задоволство, за мало дете може да иизгледа како насилство.

 

 

Тинејџери

Кога вашите деца ќе станат тинејџери, тие стануваат “опасни играчи” во многу работи. Не се повеќе деца, но не се ни возрасни. Сепак, понекогаш си даваат за право да се однесуваат како бебиња, а понекогаш веруваат дека се најпаметни, најсилни, најмоќни.

Омнипотенција е психолошки израз со кој се опишуваат тинејџерите, а го означува нивното уверување дека можат се' и дека не постојат граници на нивната моќ. Токму заради тоа од вашиот тинејџер може да очекувате најразлични коментари и реакции на секојдневните ситуации. Затоа е важно да ја претставите сексуалноста како нешто што е лично ваше и кое детето нема право да го коментира. Освен тоа, пубертетот е време на будење на сексуалноста.

Кажете му на детето дека сексуалноста е одраз на емоции и начин за тие дополнително да се продлабочат, а не само природен и прост нагон. Ваквиот разговор е неопходен бидејќи претставува истовремено објаснување за вашето однесување, но и подготовка за неговото прво сексуално искуство. Кажете му на детето дека ова искуство е многу важно и дека треба да биде подготвено, добро да ја познава и да чувствува љубов кон личноста со која ќе го искуси овој чин.

 

 

Заштитете ја својата приватност

Без оглед на тоа што сексуалноста е нешто потполно природно и што во тоа нема никаква причина за срам – избегнувајте да бидете “фатени на дело”. Некои од начините за да ја заштитите својата приватност се:

-        Секогаш проверувајте дали децата спијат. Можноста да ви влезат во собата или да чујат невообичаени гласови сведете ја на минимум.

-        Заклучете ја вратата.

-        Научете го детето (ако е поголемо) да тропа на врата пред да влезе. Тропајте и вие на вратата од неговата соба пред да влезете.

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Разговараме со нутриционист Ирина Георгиева
Дебелината е еден од почестите проблеми со кои се соочуваме. Таа сама по себе е непријатна, а не ретко повлекува сериозн...
4
Дали НЕКОГАШ ќе станат мајки?
10 познати личности кои се веќе повеќе од доволно возрасни и зрели да имаат деца. Дали планираат и која од нив ќе биде ...
3
Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
3
И направи фустан од 9999 рози и ја побара ...
Еден човек од Кина купи 9999 црвени рози и секој цвет внимателно го прикачи на платно, формирајќи прекрасен фустан од ро...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?