vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Во Беверли Хилс диетата исклучително е важен редоследот на нвесување на храната. Judy Mazel вели дека денот треба да започне со овошје, а потоа да се внесува храна која содржи јагленохидрати.
Забрането е мешање на јагленохидрати и протеини
Judy Mazel ги применила своите сознанија на себе и изгубила 29 килограми, а потоа ја задржала килажата, па потоа ја објавила книгата 'Beverley Hills Diet'. Книгата е продадена во повеќе од милион примероци, а во 1996 година е објавено проширено издание на книгата 'The New Beverly Hills Diet'. Judy Mazel тврди дека овошјето треба да се јаде исклучиво на празен желудник и да не се мешаат различни врсти на храна во еден оброк. На пример ако лицето кое е на диета иизеде портокал, треба да почека еден час за да изеде круша. Ако се одлучите за Беверли Хилс диетата, не смеете да јадете протеини и јагленохидрати заедно.
Овошје за појадок
Judy Mazel вели дека денот треба да започне со овошје, а потоа да се внесува храна која содржи јагленохидрати. По јагленохидратите на ред доаѓаат протеините. Во текот на диетата не смеат да се консумираат сокови, а млекото може да се пе со протеинските производи.
Рестриктивни денови
За првиот ден на диетата не е препорачливо да се јаде ананас, пченка и салата од домати, лук и зачини. Во некои денови допуштено е да се консумира само еден производ, па така постојат и денови во кои се јаде само овошје.
11 килограми помалку за 35 денови
Авторката на книгата тврди дека може да изгубите 11 килограми, а во праксата се покажало дека се губат од 7-9 килограми во тој период. Judy Mazel како предност на својата диета истакнува дека можат да се јадат хамбургери и торти, кои во другите диети се забранети. Единствено што треба е да се придржувате кон јадење на храната во вистинско време. Беверли Хилс диетата е замислена како план на исхрана и треба да биде придружена со секојдневна физичка активност.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кога е најдобро време за патување во бременоста?
Патувањето во бременоста не мора да значи откажување од одморите и пла...
Развој на плодот во третото тромесечје
Третото тромесечје од бременоста е последната етапа од патувањето до з...
Работа, семејство и време за себе
Усогласувањето на работата и семејниот живот е еден од најголемите пре...
Зошто е важна хидратацијата за здравјето?
Водата е еден од најважните предуслови за правилно функционирање на ор...
Совети за полесен живот и подобро ментално здравје
Секојдневието често носи многу обврски, очекувања и предизвици, поради...