namesp во 10:12
Децата на извонредните родители се депресивни?
Lorry Gottlieb, 27.2.2014
Како новопечена мајка на син, знаејќи за сите истражувања кои говорат за тоа колку лесно можете да го упропастите своето дете, се вратив во клупата и стекнав диплома за кличнички психолог, ја започнува својата исповед Lorry Gottlieb.
Својата работа на психотерапевт ја започнала со убедувањето дека главна работа ќе и биде на пациентите да им го надомести недостатокот од разбирање и емпатија од нивните родители. И тогаш ги добила првите пациенти...
После неколку „школски случаи„, какви што очекувала, налетала на пациентка која била се' освен недостаток на родителско разбирање. Всушност, имала сјајни родители, извонредно образование, супер работа, прекрасен стан и луѓе околу неа, кои ја разбираат и поддржуваат. А таа едноставно не била среќна...
Додека се обидувала да ја сфати својата пациентка која излегува од воспоставените шаблони, се случувало нешто чудно. Почнала да добива се повеќе и повеќе вакви случаи. На нејзиниот кауч се ределе 20-30 годишни луѓе кои страдале од депресија и анксиозност, имале потешкотии да се посветат на било каква цел или кариера, се мачеле во својата врска и воопшто страдале од чувство на празнина и недостаток на цел. А нивните родите навидум како да немале никаква врска со тоа.
Уште повеќе, сите тие зборувале за тоа колку ги обожаваат своите родители. Многумина од нив ги нарекувале најдобри пријатели и се фалеле дека родителите се секогаш тука за нив. На некои родителите дури и им плаќале за психотерапијата.
Во почетокот Лори се сомневала дека пациентите не ја кажуваат вистината за своите родители – сите знаат дека ситуацијата под површината е поинаква, па зошто и овде не би било така? Меѓутоа, се' укажувало на тоа дека тие навистина имаат родители полни со љубов, кои им дале слобода да се пронајдат самите себеси и ги охрабрувале да прават што сакаат. Родители кои секоја вечер им помагале со домашните задачи, трчале во училиште секогаш кога ќе се појавел некој силеџија, им плаќале приватни часови по математика и ги пуштале да се испразнат кога нешто ќе изгубат. Наместо да ги казнат, нивните родители ги пуштале да се соочат со логичките последици од кршењето на правилата. Просто им завидував како можеле да бидат толку фантастични, опишува Лори.
И тогаш еден ден ми светна: Дали е можно нивните родители да правеле премногу? Бев тука и ги гледав резултатите на родителството какво што јас и моите врсници посакувавме. Во текот на школувањето бевме фокусирани на недостатокот на родителско разбирање. Никој не се запраша што ако родителите се премногу добро усогласени со своите деца?
Модерното општество е опседнато со колективната среќа и главна цел на родителите е нивните деца да бидат среќни. Набљудувајќи го овој феномен моите колеги и јас се запрашавме дали грижата на родителите нивните деца никогаш да не бидат несреќни, води кон тоа кога ќе пораснат никогаш да не бидат среќни?
Кога децата ќе пораснат, претераниот заштитнички однос на родителите претставува проблем. Тие се се во состојба да соработуваат или да се соочуваат со ограничувања. На работа очекуваат цело време да им биде интересно, бидејќи се така навикнати. Не им се допаѓа ако шефот ги критикува, нити ако не добиваат постојани пофалби.
Бени Шварц, автор на книгата „Парадокс на изборот„ смета дека родителите им даваат на децата толку многу можности за избор што децата стануваат не само разгалени, туку и парализирани.
Во студијата која ја спровел со својот тим, ги поделил децата на две групи и барал од нив да нацртаат нешто. На едната група деца им дал по три фломастери, а на другата по 24. Децата кои цртале со повеќе фломастерии направиле полоши цртежи, бидејќи биле фокусирани на изборот, а не на цртањето.
Повеќето родители ќе кажат „Можеш да се занимаваш со што сакаш, можеш да се откажеш кога сакаш, можеш да пробаш нешто друго ако не си сосема задоволен со ова„. Не е ни чудо што децата подоцна живеат во постојана потрага по совршенство.
Својот осврт на современото воспитување и последиците од него, Лори го завршува со една анегдота од својата ординација. Имено, бидејќи забележала доза на дискомфорт кај еден пациент и го прашала во што е проблемот, се испоставило дека тој има конфликтни чувства заради тоа што доаѓа на терапија. “Моите родители би се чувствувале промашено кога би знаеле дека сум овде. Од друга страна можеби би им било драго, затоа што толку многу сакаат да бидам среќен. Затоа не сум сигурен дали би биле задоволни што дојдов овде за да бидам среќен или разочарани затоа што не сум среќен.”
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Она што е најважно во односот меѓу мајката и ќерката, во текот на развојот – е да се откажете од инсистирање кон соврше...

Многу често ние родителите се запоставуваме самите себеси заради доброто на нашите деца. Но, она што стручните лица го м...

Доколку не сте сигурни, спроведете неколку домашни експерименти, кои ќе ги ви откријат дали сте подготвени да станете ро...

Начинот на кој разговараме со нашите деца има значително влијание врз нивното учење и способноста да не слушаат. Ггенера...
