Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Бајка за топлите снегулки - II
Во тоа време, во знакот на водолија, се роди млада жена, со широки рамена и дојде во оваа несреќна земја. Се чинеше дека не слушнала за лошата вештерка и не беше ниту малку загрижена дека ќе остане без својата залиха на топли снегулки. Таа ги даваше слободно и секому, дури и кога никој не и бараше. Ја викаа Хип и не го одобруваа нејзиното однесување, бидејќи ги убедуваше децата да не се грижат дека ќе останат без топлите снегулки. Децата многу ја сакаа, бидејќи се чувствуваа убаво во нејзино друштво и почнаа да го следат нејзиниот пример и да даваат топли снегулки кога ќе почувствуваа дека треба.
Возрасните беа загрижени и одлучија да донесат закон за да ги заштитат децата. Тој закон го прогласи за казниво безгрижното давање на топли снегулки, без јавна дозвола. Многу деца не обрнуваа внимание на законот и продолжија да си разменуваат топли снегулки меѓусебно. Бидејќи имаше многу, многу деца, скоро исто толку колку и возрасни, изгледаше дека ќе биде по нивно.
---
За сега е тешко да се каже што ќе се случи. Ќе можат ли возрасните да го спречат “безгрижното” однесување на децата? Ќе им се придружат ли возрасните на Хип и на децата во уверувањето дека секогаш ќе има топли снегулки, доколку се подаруваат? Ќе се сетат ли на деновите кои нивните деца сакаат да ги вратат? Деновите кога имаше топли снегулки во изобилство, бидејќи луѓето ги даваат слободно едни на други...
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Патот до бебе, вистинските стории
Секој пат до бременост е различен. За некои, тоа е брз и лесен процес,...
Кои права ги имате во породилната сала?
Породувањето е длабоко личен и значаен настан. Иако се одвива во медиц...
Како да ги изберете вистинските пелени за вашето бебе?
Од првите денови по раѓањето, пелените стануваат дел од секојдневниот ...
Лесни вежби за трудници. Движење без ризик
Трудничкиот период е време кога телото се менува, но тоа не значи дека...
Топол дом без големи сметки: најдобрите трикови
Зимата носи убави моменти, но и високи сметки за греење. Добрата вест ...