namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Во тие времиња на секого, по раѓање, му била дадена малечка, мека вреќичка, полна со топли снегулки. Секој пат кога некој ќе посегнел со раката во вреќичката, можел да извади од неа топла снегулка. Топлите снегулки биле многу барани, бидејќи секогаш кога некој ќе добиел на дар топла снегулка, таа добивала магична моќ и по целото тело на човекот ќе се раширело убаво, топло и нежно чувство. Тогаш било многу лесно да се добие топла снегулка. Секој пат кога некој ќе почувствувал дека му е потребна, можел да дојде до тебе и да ти каже: “Би сакал да добијам топла снегулка”. Тогаш ти би посегнал во својата вреќа и од неа би извлекол снегулка, мала колку дланка од мало девојче. Штом снегулката ќе ја здогледала дневната светлина, би се насмеала и би расцветала во голема и бушава топла снегулка. Тогаш ти би ја ставил снегулката на неговото рамо, главата или скутот и таа во допир со неговата кожа веднаш би се стопила и би направила прекрасно чувство низ целото тело. Луѓето секогаш, без пардон, барале еден од друг топли снегулки и бидејќи со радост ги давале, не било никаков проблем да се добиваат во големи количини. Секогаш ги имало во доволен број и кај секого и како резултат на тоа секој бил среќен и се чувствувал убаво, среќно и нежно.
---
Но еден ден, лошата вештерка побеснела заради тоа што сите биле среќни и никој од неа не купувал напитоци и мелеми. Вештерката била многу лукава и смислила многу лукав план. Едно убаво утро отишла кај Тим и додека Меги играла со својата ќерка Луси, му шепнала на уво: “Погледни ги Тим сите тие снегулки кои Меги и ги дава на Луси. Знаеш ли дека ако продолжи така, еден ден ќе ги потроши сите снегулки и нема да остане ниту една за тебе”. Тим се запрепастил. Се завртил кон вештерката и и' рекол: “Сакаш да ми кажеш дека во вреќата нема да има топли снегулки секој пат кога ќе посегнам во неа?”
Вештерката одговорила:”Не, апсолутно не! Еден ден ќе ги потрошите сите, така оди тоа. Тогаш повеќе нема да ги имате.” Велејќи го тоа истрчала смеејќи се и кикотејќи се во исто време.
Тим тоа го зел на срце и почнал да забележува секој пат кога Меги ќе подарела топла снегулка на некој друг. Станал многу загрижен и вознемирен, бидејќи многу ги сакал топлите снегулки на Меги и не сакал да се одрекне од нив. Почнал да и дава забелешки на Меги секој пат кога ќе видел дека подарува топли снегулки. Бидејќи Меги многу го сакала Тим, престанала толку често да им дава на другите топли снегулки и ги чувала за него.
Децата сето тоа го гледале и брзо стекнале впечаток дека е погрешно да се даваат топлите снегулки секој пат кога некој ќе побара. И тие станале многу внимателни. Постојано биле на штрек и им давале забелешки на родителите кога подарувале од снегулките. Почнале да се грижат кога ќе даделе неколку топли снегулки на некој друг. Иако секогаш во вреќичката имало топли снегулки кога ќе посегнеле, се поретко фаќале во неа и станувале се поскржави и поскржави. Наскоро луѓето почнале да забележуваа недостаток на топли снегулки и почнале да се чувствуваат ладно и неубаво. Многу од нив се згрчиле, а некој и умрел од недостатокот на топли снегулки. Се повеќе луѓе оделе кај вештерката и купувале напитоци и мелеми, иако не им помагале многу.
---
Бајка за топлите снегулки - II
Бајка за топлите снегулки - III
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...