namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Продолжува од Приказната за Јана - 2 Дел
Петок е. Додека сите деца ја пееја песничката која учителката цел ден неуморно ја повторуваше, Јана повторно беше отсутна со мислите. “Како е Ева, дали оздраве, дали и се допаѓа куклата, дали и простила, ќе и биде ли повторно најдобра другарка?” Беше среќна што направи добро дело, што испрати пријателска прегратка до својата другарка, но и тажна, бидејќи немаше никакви вести од неа...
Тогаш на вратата се појави Битолското чупе. Со поглед ја бараше Јана во полната соба со деца. Јана ја потпрела главата на рака и не забележа дека на вратата е нејзината пријателка, добрата вила од Битола. Дојде до неа, ја погали по косата, а Јана стана и силно ја прегрна. Битолското чупе во рацете држеше писмо. “Ова е за тебе” – изговори. “Им носев млеко и јогурт на болните деца и им кажав колку е здраво да го пијат. Некои деца не сакаа, но кога ги видоа другите деца кои пиеја како веднаш станаа од креветите свежи и полни со енергија, сите побараа млеко. Тогаш ја видов твојата другарка Ева како ја држи куклата во прегратка, како со неа си игра, како и ја гали косата и се врти во круг од радост. И се доближив и и' кажав колку си тажна, колку ти е жал за лошите зборови, а и таа ми кажа дека жали за својата постапка, дека едвај чека да излезе од болница и да ти се извини за тоа што го направи. Тогаш една идеја како сонце и ги осветли очите. – Сакам да и напишам писмо на мојата другарка Јана. Ќе ми помогнеш ли Битолско чупе бидејќи се уште не знам да пишувам? Ова е писмото кое го напишавме. Сакаш ли да го прочитаме тука, да слушнат сите твои другарчиња како се чувствува Ева? ”
Јана радосно климна со главата. Битолското чупе почна да чита:
“Драга Јана.
Мојата мајка ја донесе куклата која си ја направила за мене, млекото и јогуртот кои сте ми ги испратиле со Битолското чупе и не можам да ти опишам колку голема среќа почувствував во тој момент. Како да ми падна камен од срцето, бидејќи знаев дека си ми простила затоа што бев лоша и ја искинав твојата нова кукла. Знаеш, оваа кукла е многу поубава од таа, кога ќе излезам од болница заедно ќе си играме со неа. Кога ја прегрнав куклата, како да те прегрнав тебе. Сигурно и ти ја имаш прегрнато, бидејќи мирисаше на тебе. Почувствував некоја чудна топлина околу срцето и за прв пат лицето ми се насмевна. Станав од креветот и почнав да им ја покажувам куклата на другите деца. – Видете, другарка ми Јана ја направила оваа кукла за мене! Замислете, со свои раце направила кукла само за јас да оздравам. Ах колку прекрасна другарка имам. Како со волшебно стапче ја избрка болеста од моето тело, подобро ми е, оздравев.
Ти благодарам Јана, имаш волшебни раце. Ова е најубавиот подарок кој сум го добила. Ми простуваш, нели? И јас ти простив, знаеш. Козата е симпатично животно, нели? И таа како кравата и овцата дава млеко, кое е најздрава храна за сите деца. Знаеш Јана и јас почнав да пијам млеко. Битолското чупе ми кажа дека тоа содржи протеини, минерали и витамини кои го подобруваат здравјето на децата и им даваат енергија. Едвај чекам да те видам и вистински да те прегрнам, па потоа заедно да испиеме по една чаша битолско млеко. Се до тогаш силно ќе ја држам куклата во прегратка, бидејќи во неа има чудна моќ.
Твоја Ева”
Јана скокна од среќа толку високо, што за малку ќе го допреше плафонот. Нејзиното срце наеднаш стана мирно и и' беше полесно, сега знаеше дека се ќе биде во ред. Ева веќе не и е лута, неспоразумот го решија, здравјето на нејзината пријателка брзо се подобри и уште малку ќе бидат пак заедно. Може ли да си посакаш нешто подобро? „Ова е најубавиот петок во мојот живот“, си рече сама себеси. Писмото внимателно го стави во џебот од ранчето и го затвори патентот.
Го прегрна Битолското чупе, ја прегрна учителката и почна да ги прегрнува сите деца од групата. “Никогаш немојте да бидете лоши со вашите другари. Исполнете ги своите срца со добрина, подарете играчка, насмевка, прегратка. Не чини ништо, а лекува. Пријателската прегратка може да истера лоша болест и да ја наполни душата со топлина и здравје. Ти благодарам Битолско чупе што ми помогна и ми го покажа вистинскиот пат до срцето на Ева. Ах, едвај чекам да дојде понеделник и повторно да ја видам мојата најдобра другарка!”
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...