|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
2. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 2012. Целта на приказната е децата да спознаат и почувствуваат со која цел ги изработуваат играчките и кому ќе ги подарат своите дела

image
/11


Продожува од Приказната за Јана - 1 дел

Јана седеше на истата нишалка во паркот на градинката , каде седеа последниот пат со Ева и повторно го пиеше своето млекце. Другарчињата неколку пати ја повикаа да играат миженка, брканица, пипни-стој, но Јана само седеше и молчеше.

 

 

Тој ден во градинката пристигна комбе од Битолската млекара. Неколку лица во градинката внесоа мнооогу пакети со млеко, јогурт, сирење и кашкавал. Но овој пат за децата од градинката имаа подготвено изненадување – од комбето излезе и Битолското чупе. Знаете, тоа е она мило девојче со убави плетенки, народна носија и секогаш црвени обравчиња. Сигурно е секогаш здраво и среќно, сигурно ги наредило сите петки во училишниот дневник, бидејќи пие најсвежо и најпресно млеко и јогурт. Денес дојде да ни раскаже како млекото се раѓа и да ни го раскаже неговиот пат .

“Драги деца. Млекото е прва храна за доенчињата и малите деца. Млекото се добива со молзење на кравите, овците и козите. Потоа се собира во големи садови и се лади за да не се расипе. Во млекарата млекото се прочистува и се загрева на одредена температура, за да му се уништат  штетните микроорганизми. На крај, млекото се полни во амбалажа со различна големина. И потоа можеме да го купиме во продавница. Од млекото уште се прави јогурт, сирење, кашкавал, урда, павлака и зденки. И секако вкусните сладоледи се исто така направени од млеко... ”

Додека Битолското чупе раскажуваше, Јана не можеше во мислите да се одвои од својата другарка Ева, која е сама во болницата. Дали е тажна и осамена, може ли да стане од креветот и да отиде барем до прозорецот, кога ќе оздрави, кога ќе се врати во градинка? Милиони прашања ја измачуваа Јана, а најмногу од се' прашањето: Како да и помогне на својата другарка, како да и се извини, како да ја прегрне силно и да и каже дека ја сака, дека и недостасува, дека...

Во тој момент  до неа се доближи Битолското чупе кое во раката носеше  котле со млеко. Ја погали Јана по косата и ја избриша солзата која се тркалаше по нејзиното лице. “Здраво јас сум Битолското чупе. Денес дојдов во вашата градинка да ви донесам свежо млеко и јогурт и да ви кажам колку е важно да пиете млечни производи за да израснете во големи и здрави деца. Сите деца се собраа, слушаа и пиеја млеко а ти цело време седиш тука натажена. Ти донесов најпресно млеко од моето котле. Земи, напиј се. Можеби би можела да ти помогнам, ако ми ја кажеш твојата мака.”

Јана погледна во чупето и се сети дека го имаше видено на секое млекце кое го имаше испиено со сласт. Иако беше многу среќна што беше во друштво на чупето во кое секогаш гледаше додека го пиеше омиленото млеко,  Јана едвај прозбори:  “Добредојде во нашата градинка. Јас сум Јана и тагувам по мојата најдобра другарка Ева”.

Тогаш Јана почна да раскажува за случката која ја мачеше, за непотребната расправија со другарката, за тоа колку беше себична, колку лоши зборови кажа и како за една кукла ја изгуби својата најдобра другарка. Ја искажа и својата грижа која и ја мачеше совеста: “Ако и ја дадев куклата да си поигра и силно да ја прегрне, како што сакаше, можеби сега немаше да биде болна. Мојата најдобра другарка е во болница заради мојата себичност, заради мојата скржавост, мојата другарка лежи болна заради мене... ”

Битолското чупе повторно ја погали Јана по косата. “Убаво девојче...Ме радува тоа што си научила од својата грешка. Скржавоста и себичноста се лоши особини. Тие го полнат човечкото срце со лутина и гнев и тогаш низ уста излетуваат зборови кои ќе ги повредат и другите. Никогаш не дозволувај да те обземат такви чувства. Широко отвори го своето срце и споделувај, дели,  подарувај. Подари насмевка, подари убав збор,подари прегратка. Тогаш ќе почувствуваш топлина во душата, а срцето ќе ти порасне од добрината која си ја направила.  Скржавоста и себичноста прават децата да бидат осамени и тажни, великодушноста и добрината ги прават децата среќни, весели и сплотени”.

Јана внимателно го слушаше Битолското чупе и некоја благородна топлина го стопли нејзиното срце. Светна малечка искра во нејзините очи и беше среќна што Битолското чупе дојде кај неа да и помогне. Но прашањето  - како да и помогне на својата најдобра другарка, како да и се извини и да ја прегрне – се уште ја измачуваше. Тогаш Битолското чупе рече: “За твојата најдобра другарка Ева ќе направиме кукла. Иста  како твојата кукла, која не сакаше да и ја дадеш на Ева. Но оваа ќе биде посебна кукла. Нема да биде купена од продавницата за играчки, туку ќе биде направена со твоите раце. Во неа ќе ја ставиш сета љубов која ја имаш за Ева, во рабовите на белото фустанче ќе  го навезеш своето извинување, широко ќе го отвориш срцето и ќе дозволиш низ него да струи добрина и дарежливост. Додека твојата душа расте, ќе ја направиш најубавата кукла, која никогаш не може да се купи во продавницата за играчки. На крај, силно ќе ја прегрнеш куклата и ќе и ја подариш на својата другарка. Со тоа ќе подариш кукла, но и пријателска  прегратка која лекува. Дојди, јас ќе ти помогнам.”

 

 

Јана и Битолското чупе вредно работеа неколку часа. Кроеја, шиеја, сечеа коса од волница, ја полнеа куклата со памук и и' ставија розева панделка на главата. Кога куклата беше готова, Јана силно ја прегрна и широка насмевка и се разлеа по лицето. Тагата исчезна, солзите веќе ги немаше. Нејзиното срце беше полно, душата и се обвитка со среќа. “Мммм, млекото е навистина прекрасно битолско чупе. Види еве и јас конечно се насмеав и добив сила.” Ја ставија куклата во кутија, а во неа ставија млеко и јогурт, бидејќи и тоа ќе ја закрепне, ќе и даде сила и многу здравје.

Битолското чупе ја фати Јана за рака и ја однесе до куќата на Ева. Ја оставија кутијата пред вратата на Ева, а на кутијата напишаа “Прегратка на дар – за побрзо оздравување на мојата другарка Ева... Јана”.

 

bimilk

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Драматизација на приказната за Јана
За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 2012. Целта на приказнат...
2
Приказната за Јана - 3 Дел
3. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 1 дел
1. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Правилник за родители за учество во проектот
Во проектот Прегратка на Дар се поканети да се вклучат и Македонските семејства. Играчки веќе се изработуваат од корисни...
2




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?