Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Драги родители!
Оваа година ќе ја реализираме Хуманитарната акција Прегратка на Дар 2013. Заедно со Вас и со Играчките-прегратки во секаков облик, боја и големина, сакаме и оваа година, веќе по трет пат, да поделиме убави мисли, убави желби, соучувство и пријателство. Ви благодариме што ќе бидете дел од една убава приказна и заедно ќе подариме многу играчки-прегратки!
За успешна изработка на играчките убаво е да ги погледнете предлозите за изработка на играчки.
Ве молиме прочитајте ги ПРАВИЛАТА ЗА УЧЕСТВО, кои се од важност полесно и побрзо да започнете со изработка на играчки-прегратки. Ве замолуваме да се придржувате кон правилата, во случај на нејаснотии навремено контактирајте не.
ПРАВИЛА
Изработуваме играчки-прегратки!
Материјали: меки, природни материјали, без остри и кршливи предмети и штетни лепила ...
Големина: неограничена
Број: ограничување или правила за бројот на играчки не постојат, секоја играчка е од посебно значење и секоја играчка значи уште една прегратка и желба за добро здравје на едно болно дете.
Совет: Изработете едноставни и топли играчки-прегратки, пред се тие нека бидат дел од Вашата душа. Сигурни сме дека ќе бидат посебни и уникатни, бидејќи ќе бидат изработени од срце!
Каде да ги доставите играчките?
Откако ќе ги изработите играчките, спакуванј доставете ги во најблиската градинка која што учествува во проектот. За повеќе информации или друг начин на достава слободно јавете се на бројот 078 323 962. Во секој пакет со играчки ве молиме да ги наведете следните податоци: СЕМЕЈСТВО, АДРЕСА, КОНТАКТ ТЕЛЕФОН.
Рок за достава на играчките-прегратки: 13. декември 2013
Фотографии од играчките-прегратки: Доколку сакате Вашите играчки-прегратки да бидат објавени на интернет медиумот Рингераја.мк, Ве молиме направете неколку фотографии од играчките и испратете ги на pregratka@ringeraja.mk, со информации за СЕМЕЈСТВОТО, АДРЕСА, КОНТАКТ ТЕЛЕФОН. Фотографиите испратете ги најдоцна до 13.12.2012. Играчките-прегратки ќе бидат поставени на следната адреса: www.ringeraja.mk/pregratka .
Следете го проектот Прегратка на Дар
Сите новости и информации поврзани за проектот може во секој момент да ги погледнете на www.ringeraja.mk/pregratka, како и на медиумите поддржувачи на проектот. За сите дополнителни прашања и информации пишете ни на pregratka@ringeraja.mk.
Награди
Во текот на месец јануари 2014 година на www.ringeraja.mk/pregratka ќе бидат објавени сите играчки-прегратки и ќе има гласање. Следуваат изненадувања и награди.
Ви посакуваме многу креативни идеи и што повеќе убаво поминати моменти при изработка на играчките-прегратки! Ви предлагаме да ги следите и едукативните содржини на Рингераја.мк за всадување на хуманоста кај децата!
Топол поздрав и многу прегратки,
Ваша Рингераја
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Први протеински намирници во дохраната: како и кога?
Воведувањето на протеините во исхраната на бебето е важен чекор во нег...
Лекциите на животот доаѓаат тивко
Животот нe учи на лекции кога најмалку очекуваме. ...
Како да забремените со ендометриоза?
Дијагнозата на ендометриоза може да биде загрижувачка за многу жени, о...
Верувајте во процесот и вашето бебе ќе дојде
Кога еден пар ќе одлучи дека е време за бебе, очекувањето често е дека...
Секое бебе индивидуално се развива во мајчиниот стомак
Многу родители се изненадуваат кога ќе слушнат дека развојот на секое ...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?