|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
1. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 2012. Целта на приказната е децата да спознаат и почувствуваат со која цел ги изработуваат играчките и кому ќе ги подарат

image
/11


 

Понеделник е. Јана само што си дојде од градинка, мрзеливо го спушти ранчето на земја, седна на столчето во кујна и се загледа низ прозорецот. Вревата на децата кои играа во паркот зад зградата уште повеќе ја растажи. Учителката денес им соопшти дека нивната другарка од градинка Ева е во болница и не се чувствува добро.  Јана почна да размислува за тоа дека последниот ден кога беа заедно со Ева, таа со неа се однесуваше многу лошо, иако беа добри, дури и најдобри другарки.

 

 

Тој ден времето беше прекрасно, сончево тивко и топло. Целата група на деца беше во паркот на градинката. Беше време за ужинка, па децата пиеја млеко и јогурт. Како и секогаш Јана пиеше млеко, а  Ева јогурт. Додека Јана уживаше во зашеметувачки убавиот вкус на битолското млеко, Ева пиеше прва чаша од новиот јогурт со киселкаст вкус. “Пробај Јана и овој јогурт е прекрасен. Мммм би можела да испијам литар јогурт одеднаш.” 

Тој ден Јана во градинката ја носеше својата нова кукла, која ја доби како подарок од нејзината тетка. Куклата  изгледаше прекрасно. Имаше долга плава коса, која како свила  паѓаше до нејзината половина, мили очиња и широка насмевка. Беше облечена во раскошно бело фустанче и имаше розеви чевлички. На главата имаше голема розева панделка.

Ева не можеше да и се изнагледа на куклата. Ја замоли Јана да и ја даде куклата да ја подржи малку и да и ја погали косата. Јана рече дека куклата е нејзина и дека не ја дава. Иако очите на Ева се насолзија, Јана цврсто ја стегаше куклата во своите раце. Ева повторно ја замоли малку да ја земе куклата и да ја гушне, како што Јана го правеше тоа.  “Остави ме на мир. Не ти ја давам куклата. Твоите раце се валкани, а нејзиното фустанче бело. Види како си ја извалкала устата од јогуртот кој го пиеш, сакаш ли да ми ја извалкаш новата кукла?”

Тие зборови на Јана ја забодија Ева како со нож во срцето. Налутена и натажена во исто време, Ева ја грабна куклата од рацете на Јана и почна да и го допира фустанчето со рацете и да ја бакнува во косата. Јана почна да вреска: “Коза една! Валкана една! Дај ми ја куклата веднаш!”. Ева се налути уште повеќе. Ја фрли куклата на земја и почна да ја валка од сите страни. Нејзината коса се наполни со земја, а белото фустанче стана кафено. Убавата кукла личеше на стара, валкана кукла со која никој не би сакал да си игра.

Јана врескаше и лееше крупни солзи, а Ева натажена и повредена од својата најдобра другарка влезе во собата и седна во еден ќош. Кога пристигна воспитувачката веќе беше доцна. Јана по некое време се смири, но Ева до крајот на денот седеше натажена во ќош и со никого не разговараше. Кога дојдоа нејзините родители по неа, таа се заврте кон Јана и натажено ја погледна. Се надеваше дека Јана и простила што и ја извакла куклата и дека ќе се збогува со неа, но Јана и ја заврти главата и не ја поздрави својата другарка...

 

 

Со тие мисли Јана седеше на столчето во кујна и многу и беше жал што ја повреди својата најдобра другарка. Кога би можела да го врати времето сигурно дека би постапила поинаку. Би и ја дала куклата ја Ева да си поигра, а потоа двете заедно би играле. Другарството е поважно од некој обичен предмет, нели? Јана размислуваше за тоа дека во секоја продавница за играчки има убави, прекрасни кукли, но никаде ја нема нејзината најдобра другарка. Таа е сега во болница бидејќи имала висока температура и некаков вид на напад. Посетата била забранета и не се знаело кога Ева ќе оздрави. На Јана и капна една солза на раката, потоа втора, па трета...

 

 

За сето што се случи на Јана и беше многу жал. За грубите зборови кон Ева, за тоа дека не и се јави за викендот да и се извини. Размислуваше за тоа колку неубаво се чувствуваше тој ден и како убавата кукла ја направи себична и непријателски расположена.

Се сети и на една стара бабичка која скоро секогаш купува леб и млеко во исто време кога родителите ја носат во градинка. Јана секогаш ја поздравува, а бабичката го возвраќа поздравот и притоа има широка насмевка на лицето. Јана тогаш ја обзема убаво чувство по целото тело и лицето и се насмевнува.

Јана заклучи дека убавите зборови донесуваат убави моменти, топло срце и широка насмевка на усните. Лошите зборови пак го сечат срцето како со нож, а тоа боли повеќе од вистинската рана.

Во срцето пак нешто ја притисна. Мислите и летнаа кај болеста на Ева. Се прашуваше дали и е подобро, или пак и е уште лошо, бидејќи е сама во таа голема зграда, далеку од своите најдраги, дали ќе биде се' добро со неа, дали ќе оздрави... Кога би можела да и ја олесни болката и да ја развесели. Се' би направила, Ева повторно да е здрава и пак би биле најдобри пријателки....

 

Јана се прашуваше: “Може ли нешто да направам, иако не можам да појдам кај неа?”

 

Продолжува.... Приказната за Јана 2 дел

 

bimilk

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Општи услови на акцијата Прегратка на дар ...
Услови за учество на конкурсот кој се одвива во рамките на проектот Преграктка на дар 2013година.
2
Промоција на рубриката "Прегратка на д...
И сите таги ќе исчезнат знам, ќе нема веќе болка ниту грам, очите мои ќе светнат ко' жар, ако добијам бар прегратка на д...
2
Главни активности на акцијата
Активностите на проектот Прегратка на Дар се поделени на активности кои ќе се реализираат во градинките, активности на И...
2
Мисија на проектот „Прегратка на Дар“
Станува збор за проект, кој освен општествена одговорност, со себе носи многу хуманост, искреност, љубов и топлина.
2




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?