Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
 
                    			   
                    			
Емпатијата е способност за разбирање на емоциите на другите луѓе и реагирање на нив. Се смета дека емпатијата е клучната алка за здрав емоционален и морален развој. Емпатичноста е важна особина, бидејќи го олеснува поврзувањето со другите. Така, децата кои имаат сочувство за емоциите и потребите на другите, стануваат поуспешни во социјални ситуации. Полесно успеваат да ги задржат пријателските врски. За разлика од нив децата кои ја немаат оваа особина, одраснуваат во емоционално ладни, дистанцирани личности, кои имаат потешкотии во остварувањето на релации со други луѓе. Тие тешко успеваат да се насочат на било чии емоции, освен на сопствените, па така не можат да сочувствуваат со емоциите на другите.
Дали девојчињата се почувствителни?
Девојчињата и момчињата се разликуваат во емпатичноста. Имено, кај девојчињата од најраното детство (свесно или несвесно) ја негуваме и развиваме чувствителноста. Девојчињата повеќе од момчињата ги прашуваме како се чувствуваат, што ги повредило, што ги израдувало, што растажило...
Наместо тоа, момчињата ги прашуваме: што правеле во градинка и им говориме дека не треба да плачат, бидејќи тоа не е “машки”. На овој начин директно влијаеме да ја потиснат емпатијата. Кога ваквото воспитување има корени од најраното детство, очекувано е девојчињата да пораснат во многу поемотивни личности од момчињата.
Ако Вашето дете е единец
Децата кое се единци не умеат да делат, бидејќи навикнале да бидат исполнувани само нивните желби, живееле живот како под стаклено ѕвоно и не научиле да ја делат со други љубовта, пред се' на своите родители. Од друга страна, би било добро секое свое дете да го одгледувате како единец, како да е единствено на светот, посветувајќи му го максимумот од својата љубов и внимание. Меѓутоа, какво ќе биде Вашето дете најмногу зависи од начинот на кој го воспитувате, а не од тоа колку бројно е Вашето семејство.
Дали се раѓаме со емпатијата?
Сепак, иако емпатијата е многу важна особина, таа не е сама по себе дадена, нити се подразбира. Напротив, во прашање е вештина која се учи и која мора да се поттикнува во детскиот развој. Повеќето деца, особено оние кои растат во семејство со повеќе деца, или се социјално адаптирани и со самото тоа навикнати на постоење и неопходност од задоволување на не само личните потреби, туку и потребите на другите, емпатијата ја апсорбираат несвесно, спонтано.
 3
3
 2
2
 2
2
 2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...
Можеш да купиш се освен мир во душата
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: с...
Биди она што си, не она што се очекува
Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да ос...
Чистиот дом не е само естетика
Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимни...
Депресијата и анксиозноста не живеат само во мислите
Во новото секојдневие, депресијата и анксиозноста не се само „ментални...






