vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Помогнете ни заедно да влијаеме во изградба на подобро општество и да ги израдуваме болните дечиња за време на Новогодишните празници.
ГРАМ ЉУБОВ за ТОН ЗДРАВЈЕ |
Овој голем и убав кловн може да се направи од ткаенина. Толку е убав што сите деца би сакале да имаат еден! Тогаш, да им направиме, бидејќи е супер лесно за правење, а вие исто така ќе уживате во текот на работата. Резултатот е одличен и кловнот претставува прекрасен начин за разубавување на собата во која лежи детето, за измамување на негова насмевка и нуди најтопла прегратка на свет.
Потребни материјали:
- цврста ткаенина во боја (чоја)
- бела помека ткаенина
- конец за везење
- рибарски конец или конец за заби
- игли за шиење и везење
- памук или молтотекс
Чекор по чекор:
Исечете парче ткаенина според шемата дадена во прилог. Поклопете го и сошијте го од едната страна.

Исечете го парчето ткаенина кое ќе претставува дел од вратот и сошијте го во форма на прстен.

Околу рабовите на прстенот провнете конец и потоа затегнете го.

Исечете кружно од белата ткаенина и врз неа навезете очи, нос и уста на кловнот.

Потоа провнете конец низ работ на ткаенината, затегнете го и наполнете го со памук или молтотекс. Врзете ги краевите од конецот и формирајте топче во форма на глава.

Повторете ја постапката и направете 4 помали топчиња (за раце и нозе)
Исечете кругови од обоената ткаенина. Исечете од конецот поголема должина и тоа два еднакви делови. Започнете со шиење на двата краеви од конецот на нозете на кловнот, а потоа низ конецот провнете ги круговите од ткаенина во боја до саканата должина на нозете на куклата

Составете ги двата краеви од конецот и низ него провнете ги парчињата ткаенина кои ќе претставуваат тело на куклата.

Потоа разделете ги двата краеви на конецот и на истиот начин направете раце на куклата. На крајот сошијте ги топчињата кои претставуваат раце на куклата.

На последното парче ткаенина од телото на куклата сошијте конец и низ него провнете го парчето кое претставува врат на куклата, потоа и главата.

Ставете ја капата на кловнот и навезете ги краевите со конецот за везење.

Кловнот е комплетен. Прекрасен е! Сигурни сме дека детето кое го држи во раце е пресреќно!

Извор: lasmanualidades
| Мисијата на "Прегратка на дар" |
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Колку долго да шетате со вашето бебе?
Свежиот воздух и промената на средината можат да бидат убав дел од сек...
Зошто секое бебе се развива со свое темпо?
Едно бебе ќе почне да седи порано, друго ќе прозбори порано, а трето м...
Хуманиот папилома вирус е многу честа инфекција, која најчесто поминув...
Дали може да забремените ако имате ХПВ?
Позитивниот ХПВ тест не значи дека треба да се откажете од плановите з...
Зголемена жед во бременост. Што може да значи?
Потребата да пиете повеќе вода може да биде сосема нормална во бремено...