Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Прегратка на Дар е хуманитарна, искрена акција, во која децата ќе создаваат за децата. Целта на акцијата е да се поврзат дечињата, да се поттикнат и научат на сочувство, пријателство и добри дела.
Пред нас и Вас е посебен предизвик, да подариме по грам љубов, за тон здравје за болните дечиња и истовремено да влијаеме во изградба на подобро општество.
Помогнете ни и поддржете ја акцијата со вклучување во неа.
Оваа хуманитарна акција, за првпат се реализираше во Словенија во 2009 година. Малите словенчиња и нивните воспитувачки и родители беа повикани да изработат играчки од природни материјали, наречени "Objemcki". Во оваа акција учевствуваа повеќе од 7500 дечиња од цела Словенија кои изработија 4939 играчки - прегратки, кои најдоа место во прегратките на децата во словенските болници.
Видео репортажа од акцијата во 2009 во Словенија може да погледнете тука.Во 2010 година пак словенечката Рингераја реализира хуманитарна акција во која дечињата изработуваа Новогодишни честитки. Покрај сликата во честитката запишуваа и пораки, кои беа наменети за нивните другарчиња во болница. Во таа акција лани учествуваа повеќе од 12.000 деца и беа изработени повеќе од 10.000 честитки кои беа поделени во болниците и социјалните установи низ цела Словенија.
Слики од честитките од акцијата 2010 во Словенија може да погледнете тука.
Во 2011та година кон оваа хумана акција се придружи и Рингераја.мк со реализирање на проектот Прегратка на Дар во Македонија. Заедно со децата од сите градинки и неколку основни училишта изработивме гооолем број играчки со кои ги прегрнавме сите болни дечиња во Македонија, во одделите за педијатрија, институциите и организациите за дечиња со посебни потреби и секое дете кое му беше потребна прегратка и грам љубов за тон здравје.
Текот на целата акција Прегратка на Дар 2011 погледнете го ТУКА.
Прегратка на Дар е хуманитарна искрена акција, во која децата ќе создаваат за децата. Целта на акцијата е да се поврзат дечињата, да се поттикнат и научат на сочувство, пријателство и добри дела.
Пред нас и Вас е посебен предизвик, да подариме по грам љубов, за тон здравје за болните дечиња и истовремено да влијаеме во изградба на подобро општество.
Помогнете ни и поддржете ја акцијата како генерален покровител или поддржувач.
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Се расправате често? Не е крај туку почеток на промена
Кога расправиите стануваат чести, лесно е да помислите дека нешто е „с...
Љубовта што не се изговара, туку се чувствува
Понекогаш најдлабоката љубов не живее во зборовите, туку во малите гес...
Најчести инфекции кај деца. Кога е време за педијатар?
Детскиот имунитет се гради постепено. Токму затоа, во првите години од...
Кога ќе одлучите да не се откажувате, успевате
Успехот не доаѓа случајно. Тој не е резултат на среќа, туку на малите ...
Сексуалниот живот е дел од интимноста и блискоста во врската. ...