namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Продожува од Приказната за Јана - 1 дел
Јана седеше на истата нишалка во паркот на градинката , каде седеа последниот пат со Ева и повторно го пиеше своето млекце. Другарчињата неколку пати ја повикаа да играат миженка, брканица, пипни-стој, но Јана само седеше и молчеше.
Тој ден во градинката пристигна комбе од Битолската млекара. Неколку лица во градинката внесоа мнооогу пакети со млеко, јогурт, сирење и кашкавал. Но овој пат за децата од градинката имаа подготвено изненадување – од комбето излезе и Битолското чупе. Знаете, тоа е она мило девојче со убави плетенки, народна носија и секогаш црвени обравчиња. Сигурно е секогаш здраво и среќно, сигурно ги наредило сите петки во училишниот дневник, бидејќи пие најсвежо и најпресно млеко и јогурт. Денес дојде да ни раскаже како млекото се раѓа и да ни го раскаже неговиот пат .
“Драги деца. Млекото е прва храна за доенчињата и малите деца. Млекото се добива со молзење на кравите, овците и козите. Потоа се собира во големи садови и се лади за да не се расипе. Во млекарата млекото се прочистува и се загрева на одредена температура, за да му се уништат штетните микроорганизми. На крај, млекото се полни во амбалажа со различна големина. И потоа можеме да го купиме во продавница. Од млекото уште се прави јогурт, сирење, кашкавал, урда, павлака и зденки. И секако вкусните сладоледи се исто така направени од млеко... ”
Додека Битолското чупе раскажуваше, Јана не можеше во мислите да се одвои од својата другарка Ева, која е сама во болницата. Дали е тажна и осамена, може ли да стане од креветот и да отиде барем до прозорецот, кога ќе оздрави, кога ќе се врати во градинка? Милиони прашања ја измачуваа Јана, а најмногу од се' прашањето: Како да и помогне на својата другарка, како да и се извини, како да ја прегрне силно и да и каже дека ја сака, дека и недостасува, дека...
Во тој момент до неа се доближи Битолското чупе кое во раката носеше котле со млеко. Ја погали Јана по косата и ја избриша солзата која се тркалаше по нејзиното лице. “Здраво јас сум Битолското чупе. Денес дојдов во вашата градинка да ви донесам свежо млеко и јогурт и да ви кажам колку е важно да пиете млечни производи за да израснете во големи и здрави деца. Сите деца се собраа, слушаа и пиеја млеко а ти цело време седиш тука натажена. Ти донесов најпресно млеко од моето котле. Земи, напиј се. Можеби би можела да ти помогнам, ако ми ја кажеш твојата мака.”
Јана погледна во чупето и се сети дека го имаше видено на секое млекце кое го имаше испиено со сласт. Иако беше многу среќна што беше во друштво на чупето во кое секогаш гледаше додека го пиеше омиленото млеко, Јана едвај прозбори: “Добредојде во нашата градинка. Јас сум Јана и тагувам по мојата најдобра другарка Ева”.
Тогаш Јана почна да раскажува за случката која ја мачеше, за непотребната расправија со другарката, за тоа колку беше себична, колку лоши зборови кажа и како за една кукла ја изгуби својата најдобра другарка. Ја искажа и својата грижа која и ја мачеше совеста: “Ако и ја дадев куклата да си поигра и силно да ја прегрне, како што сакаше, можеби сега немаше да биде болна. Мојата најдобра другарка е во болница заради мојата себичност, заради мојата скржавост, мојата другарка лежи болна заради мене... ”
Битолското чупе повторно ја погали Јана по косата. “Убаво девојче...Ме радува тоа што си научила од својата грешка. Скржавоста и себичноста се лоши особини. Тие го полнат човечкото срце со лутина и гнев и тогаш низ уста излетуваат зборови кои ќе ги повредат и другите. Никогаш не дозволувај да те обземат такви чувства. Широко отвори го своето срце и споделувај, дели, подарувај. Подари насмевка, подари убав збор,подари прегратка. Тогаш ќе почувствуваш топлина во душата, а срцето ќе ти порасне од добрината која си ја направила. Скржавоста и себичноста прават децата да бидат осамени и тажни, великодушноста и добрината ги прават децата среќни, весели и сплотени”.
Јана внимателно го слушаше Битолското чупе и некоја благородна топлина го стопли нејзиното срце. Светна малечка искра во нејзините очи и беше среќна што Битолското чупе дојде кај неа да и помогне. Но прашањето - како да и помогне на својата најдобра другарка, како да и се извини и да ја прегрне – се уште ја измачуваше. Тогаш Битолското чупе рече: “За твојата најдобра другарка Ева ќе направиме кукла. Иста како твојата кукла, која не сакаше да и ја дадеш на Ева. Но оваа ќе биде посебна кукла. Нема да биде купена од продавницата за играчки, туку ќе биде направена со твоите раце. Во неа ќе ја ставиш сета љубов која ја имаш за Ева, во рабовите на белото фустанче ќе го навезеш своето извинување, широко ќе го отвориш срцето и ќе дозволиш низ него да струи добрина и дарежливост. Додека твојата душа расте, ќе ја направиш најубавата кукла, која никогаш не може да се купи во продавницата за играчки. На крај, силно ќе ја прегрнеш куклата и ќе и ја подариш на својата другарка. Со тоа ќе подариш кукла, но и пријателска прегратка која лекува. Дојди, јас ќе ти помогнам.”
Јана и Битолското чупе вредно работеа неколку часа. Кроеја, шиеја, сечеа коса од волница, ја полнеа куклата со памук и и' ставија розева панделка на главата. Кога куклата беше готова, Јана силно ја прегрна и широка насмевка и се разлеа по лицето. Тагата исчезна, солзите веќе ги немаше. Нејзиното срце беше полно, душата и се обвитка со среќа. “Мммм, млекото е навистина прекрасно битолско чупе. Види еве и јас конечно се насмеав и добив сила.” Ја ставија куклата во кутија, а во неа ставија млеко и јогурт, бидејќи и тоа ќе ја закрепне, ќе и даде сила и многу здравје.
Битолското чупе ја фати Јана за рака и ја однесе до куќата на Ева. Ја оставија кутијата пред вратата на Ева, а на кутијата напишаа “Прегратка на дар – за побрзо оздравување на мојата другарка Ева... Јана”.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...