Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Помогнете ни заедно да влијаеме во изградба на подобро општество и да ги израдуваме болните дечиња за време на Новогодишните празници.
ГРАМ ЉУБОВ за ТОН ЗДРАВЈЕ |
Ежето е многу пријателско животно и е добра идеја да се направи како подарок за децата за Нова Година. Децата кои ќе го добијат ова животно ќе ја почувствуваат Вашата љубов и ќе бидат среќни. Прочитајте како чекор по чекор да го направите овој симпатичен колоритен еж.
Потребни материјали:
- жолта цврста ткаенина
- цврста ткаенина во повеќе бои
- ножици
- игла и конец
- памук
- лепило за ткаенина
- руж

Исечете ја секоја модла поодделно, со тоа што ќе оставите околу 1 cm. повеќе за шиење.
Исечете две парчиња торзо и глава од ткаенина со жолта боја, 2 парчиња муцка во жолта боја, 4 парчиња уво во виолетова боја, 1 парче нос во портокалова боја, 2 парчиња око во црна боја, 8 парчиња шепа во виолетова боја и 1 парче опашка во виолетова боја. Исечете во различни бои (жолта, портокалова розова, виолетова, плава и зелена) по 4 од боја парчиња боцки.
Кога ќе ги сечете боцките здиплете ја ткаенината дупло, над неа ставете ја модлата, обележете со молив и сечете така што ќе добиете дупли, соединет примерок од боцките, за полесно да ги прицврстите, лепејќи ги на телото на ежот.
Двете парчиња кои претставуваат торзо и глава сошијте ги комплетно од муцката до опашката, при што ќе оставите место за полнење со молтотекс или памук. Потоа на задниот дел (однадвор) сошијте ја опашката. Потоа две парчиња кои претставуваат шепи сошијте ги на место кое ќе одговара (според ваша проценка) за да може телото на ежот да се одржува на шепи. Со лепило залепете ги очите и муцката на ежот, така што ќе го оставите парчето муцка не залепено кај делот од носот.
Низ краевите на парчето нос провнете конец. Наполнете го со памук или молтотекс, а потоа соберете го конецот и прицврстете го. Ставете лепило под парчето муцка и на крајот залепете го носот.
Ушите направете ги со истата постапка како и шепите и залепете ги малку повисоко над очите (видете на сликата)
Откако ги ставивте сите делови на телото, наполнете го ежот со памук или молтотекс и затворете го местото каде што го полневте со игла и конец.
Залепете ги парчињата боцки на грбот на ежот како на сликата. Ставете малку руменило на образите на ежот и по една точка бел лак за нокти на очите.
Точно е дека не беше едноставно, но вреди, затоа што тоа што можете да го направите со сопствени раце е многу поголем дар, отколку да го купите.
Се надеваме дека ќе го направите среќно некое дете, бидејќи направивте за него прекрасна играчка!
Извор: lasmanualidades
| Мисијата на "Прегратка на дар" |
3
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Патот до бебе, вистинските стории
Секој пат до бременост е различен. За некои, тоа е брз и лесен процес,...
Кои права ги имате во породилната сала?
Породувањето е длабоко личен и значаен настан. Иако се одвива во медиц...
Како да ги изберете вистинските пелени за вашето бебе?
Од првите денови по раѓањето, пелените стануваат дел од секојдневниот ...
Лесни вежби за трудници. Движење без ризик
Трудничкиот период е време кога телото се менува, но тоа не значи дека...
Топол дом без големи сметки: најдобрите трикови
Зимата носи убави моменти, но и високи сметки за греење. Добрата вест ...