Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Развојот на движењата кај здраво дете се одвива така што тоа самостојно седи со 6 до 8 месеци, лази на 9 месеци, а околу 12тиот месец почнува да стои и проодува (најпрво со придржување). Со 15 месеци оди потполно самостојно, а со 18 трча. Детето почнува спонтано со движењата. Не треба на сила да го ставате во ниту една положба. Лазењето е посебно важно за координација на движењата и правилен развој. Не се препорачува користење на стојалица (дубак), посебно не во оние во кои бебето само со прстињата го допира подот. Стојалките можат да го попречат нормалниот развој на колковите и да доведат до повреди.
Освен во количка, детето (после третиот месец), може да се пренесува и во носилка. Тие денес се произведуваат и во различни облици. Најудобни се оние кои како широк шал се носат преку рамо, а можат да се носат и однапред и одзади. Притоа треба да внимавате детето да биде убаво наместено, ништо да не го повредува и да е добро прицврстено. Најдобар начин на носење е кога детето е однапред со грбот потпрено на оној кој го носи. Оваа положба го прицвртува мекиот р’бет на бебето, детето подобро го запознава светот околу себе и постојано е под надзор на носачот. При употреба на носилка секогаш имајте на ум неколку важни препораки: строго внимавајте на упатствата кои се наведени од производителот за положбата и сигурноста на детето.
- никогаш не оставајте го детето во носилка на кревет или во кола, бидејќи може да се преврти и да падне;
- носилката не е замена за седиште во автомобил;
- не возете со носилката на себе;
- не гответе со носилката и детето пред вас;
- не трчајте;
- избегнувајте ненадејни и нагли движења;
- доколку се наведнете нанапред, придржете го детето;
- носилката треба да одговара на големината на детето;
- внимавајте на можно откопчување, наборите кои ги има, материјалот од кој е направена (најдобро е памучна),
- не конзумирајте алкохол додека го носите детето.
- најдобро е прво да се научите на кукла, а во почетокот детето придржувајте го со двете раце...
www.zdravlje.hr
5
4
4
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Втора недела од бременоста, што се случува?
Кога се зборува за втората недела од бременоста, многу жени се изненад...
Како летните горештини влијаат на бременоста?
Летните горештини можат да бидат непријатни за секого, но во бременост...
Краток водич - витамини од A до K
Витамините се неопходни за нормално функционирање на организмот. Секој...
Храна што е забранета во бременоста и зошто
Бременоста е период кога исхраната има големо влијание врз здравјето н...
Менување пелени, што да користите и што да избегнувате?
Менувањето пелени е една од најчестите и најважни рутини во грижата за...
Дали вашите момчиња си ги допираат?
пеперутка16
Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.