Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Драга мамичке,
Многу ти благодарам што ме доиш. Веројатно и сама знаеш колку твоето млеко е најдобро за мене. Уморна си и по малку лута, бидејќи грижењето за мене е доста тешко. Пред да се откажеш од доење, ќе се обидам да ти го објаснам своето однесување. Можеби тогаш ќе се чувствуваш малку подобро.
Ако после породувањето ме одделиле од тебе, мене ми треба повеќе време да го вратам својот инстикт и да почнам правилно да цицам. Можеби изгубив во тежина додека бевме во болница. Знај мамичке, јас секогаш ќе ти кажам кога сум гладен, за да дојдам до твоето млеко. Дури и ако поминале само 5 минути од кога цицав последен пат. Можеби баба ќе ти каже: “Само што јадеше, сигурно не е гладен”, но мамичке, јас сум мал и не можам побрзо. Сега ми требаат 20 минути за да добијам само 5 мл. од твојот колострум, кој многу ми значи.
Не грижи се мамичке, се е во ред! Не постои место каде што би сакал повеќе да бидам, отколку во твојата прегратка, да го слушам твојот глас и да те мирисам, дури и ако не си се бањала откако сум роден. За мене си највкусното и најпрекрасно суштество. Не постојат многу начини на кои можам да ти кажам што сакам. Можам да плачам и можам да цицам. Не можам да гледам многу, но многу чувствувам. Чувствувам како ме ставаш на своите гради и тогаш сум најсреќен.
Можеби те збунува тоа што сакам да цицам по цел ден и цела ноќ. Но мамичке, јас не голтам цело време. Јас вежбам за да станам посилен и истовремено ја подобрувам твојата “фабрика со млеко”, која за мене има вкус подобар од сладолед!
Ако ми понудиш шишенце, јас ќе испијам се, бидејќи поинаку не знам. Моето стомаче е мало и на твоите гради можам да легнам кога ќе посакам.
Мамичке, знам дека ми посакуваш се најдобро и дека понекогаш се грижиш дека немаш доволно млеко за мене. Можеби почнуваш да се сомневаш во своето тело. Но јас знам дека ти го можеш тоа. Дозволи ни да бидеме заедно по цел ден и цела ноќ. Јас ги сакам баба и дедо и тато и сите останати кои доаѓаат да ме видат, но најсреќен сум кога сум со тебе. Сакам да го слушам твоето срце додека спијам, толку си топла и мека и мирисаш најубаво на светот.
Местото меѓу твоите гради е место каде можам да ја спуштам својата глава и да го почувствувам допирот на твојата кожа.
Мамичке, знам дека имаше поинаков живот пред да се родам јас, одеше во ноќен клуб, кино, во ресторани и во посета на пријателите. Знам дека мислиш дека никогаш повеќе нема да можеш да го правиш тоа. Затоа сакам нешто да ти ветам. Не знам кога ќе се случи, но сигурно ќе дојде ден кога ќе ми требаш помалку. Моето цицање ќе биде поретко и ќе заспивам сам во креветчето. Ќе сакам да ме држи и некој друг освен ти. Ќе се научам да се заспивам сам и помалку да зависам од тебе.
Но денес мамичке ти ми требаш најмногу. Се надевам дека љубовта која ја чувствувам кон тебе, а ти се уште не можеш да ја почувствуваш, ќе биде доволна за да ги издржиш овие напорни денови.
Твоето бебе
12
9
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Практични совети за полесни денови со новороденче
Доаѓањето на новороденче во домот носи огромна радост, но и многу нови...
Исхрана за повеќе млеко, рецепти за доилки
Создавањето на мајчино млеко зависи од повеќе фактори како честотата н...
Листа на испитувања за годишен гинеколошки преглед
Редовните гинеколошки прегледи се клучни за рано откривање на промени ...
Протеински појадоци за трудници со утрински мачнини
Утринските мачнини се чест дел од бременоста, особено во првото тромес...
Како да се справите со постпородилниот замор?
Постпородилниот период е исполнет со радост, но и со големи физички и ...
Дете.
пеперутка16
Дали некогаш ви се случило возрасен, близок или не, да го удри вашето дете во ваше присуство и како реагиравте?