|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Првата насмевка, Гугање, Прскање, Набљубудање, Пронаоѓање на прстите, Запознавање на далечината, Прв разговор, Свртување, Мало прасенце, Разбирање на светот.

image
/11


 

 

1* Првата насмевка

Во текот на петтата или шестата недела бебето ќе ве награди со првата насмевка. Најчесто додека го галите, припиено до вас, нежно зборувајте му. Насмевката е ефикасен начин за комуникација со вас, покажувајќи ви дека е е среќно и едноставно ужива во вашето друштво. Насмевката е всушност, првата работа која бебето се обидува да ја копира.

 

 2* Гугање

Во текот на осмата недела почнува да испушта гласови кои родителите ги исполнува со гордост. Тоа е почеток на новиот говор и желбата да разговара со мама и тато. Затоа разговор со бебето во тие денови е многу важен. Искористете го секој момент со бебето раскажувајќи му колку сте среќни што го имате. Веќе почнува и да памти.

 

 3* Прскање

Со три месеци вашето бебе ќе стане мајстор да клоцне или да фрли нешто од раце, а најсреќно е додека го бањате да прска и шлапка во водата. Едноставно тоа се моменти на уживање.

 

 4* Набљубудање

Кога вашето бебе ќе наполни три месеци ќе приметите дека го надгледува секој ваш чекор. Веднаш по раѓањето визуелниот систем и мозокот кој му овозможуваат на бебето да гледа не е сеуште потполно развиен. Бебето може да се загледа во некој предмет, но не го гледа во три димензии, исто како што не може да следи објект во движење. На три месеци за него се станува интересно.

 

 5*Пронаоѓање на прстите

Вашето бебе во почетокот ги држи рачињата стегнати. Ако нешто му ставите во раце, тоа силно ќе го стегне. Овој рефлекс се губи во осмата недела кога почнува да ги отвора и затвора. Рачињата почнува да ги доближува до лицето во третиот месец и се изненадува од она што ќе го види додека ги мрда прстињата. Надгледувајќи ги рацете и прстињата тоа си пружа задоволство, додека истовремено се учи да го координира погледот со движењата на рацете.

 

 6* Запознавање на далечината

Со четири месеци бебето има развиено контрола на рацете да ги дофати работите што ги сака. Самостојно ги држи предметите во раце, ги разгледува и често ги фрла. Со пет месеци веќе точно проценува колку е далеку некој предмет и ги отвора рачињата за да го дофати во прав момент.

 

7* Прв разговор

Кога ќе наполни три месеци, бебето веќе има друштвен развој, а со самото тоа открива дека има услови на некој начин да разговара со вас. Тоа слуша што му зборувате и ви одговара на свој начин со гугање и пуштање одредени самогласки. Со шест месеци може да испушта звуци за да ви го привлече вниманието, а веќе ги разбира и емоциите во вашиот глас.

 

 8*Свртување

Кога ќе добие повеќе контрола врз движењата на своето тело ќе ја приметите борбата да се сврти, а наскоро во тоа и ќе успее. Тогаш следуваат свртувања, па лазење, а штом ќе почне со овие движења - тешко ќе го сопрете.

 

 9* Мало прасенце...

Додека вашето бебе лежи на грб со ножињата подигнати, тоа ќе открие дека на крајот на своите ножиња има прсти. Во неговиот петти месец тоа ќе биде главна атракција за него. Тогаш ќе се обиде да ги дофати, да ги стави во уста или едноставно да ги набљудува.

 

 10* Разбирање на светот

Во шестиот месец бебето се труди да го гледа светот преку мајката и покажува што во тој момент му се допаѓа, а што не. Веќе ја користи меморијата и покажува задоволство кога ќе примети дека му се приготвува храна или кога ќе слушне дека тече вода пред бањање. На таа возраст ќе се потруди што повеќе да задржи внимание и љубов, правејќи многубројни движења, земајќи и фрлајќи предмети, обидувајќи се некој постојано да биде со него. Од голема помош ќе ви бидат играчките кои ќе ги наредите околу него, кои ќе може лесно да ги дофати и да си игра со нив. Може да се случи некои од тие играчки кај него да предизвика и насмевка, што е доказ дека се развива смислата за хумор.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како најлесно да го заспиете бебето?
Голем проблем за многу млади родители е успивањето на детето. Ви нудиме неколку совети како да го смирите и лесно успиет...
4
Чести грешки при заспивањето на бебето
Заспивањето на бебето е тешка мисија која често виси на работ на успех
4
Бебе од 12 месеци
Поминаа цели 12 месеци. Доаѓа возбудливо време за вашето бебе исполнето со многу љубопитност за откривање нови вештини, ...
3
Гасови кај бебињата
Малечко е, нежно, плаче без престан, го држите и го нишате, а сепак ништо не помага. Една од најчестите причини за вакви...
3




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?