Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Замислете некој да ви стави капа, шал и огромно ќебе кога веќе ви е топло. Многу луѓе сметаат дека нивните бебиња смрзнуваат дури и во топлиот дом. Сигурно намерата ви е најдобра и сакате да му биде топло на вашето малечко, но не размислувајте премногу. Ако вам не ви е студено, сигурно и вашето бебе е во ред.
Можеби навистина не постои љубов на прв поглед, дури и кога станува збор за вашето дете. Многу родители очекуваат веднаш да се поврзат со нивните новороденчиња, но оваа врска се создава со текот на времето. Сепак, гледањето бебе кое бара постојано внимание не е лесно како што е прикажано на телевизија.
Имате прашања за пелени, доење, спиење, колички… за што било? Околу вас секогаш ќе има „експерти“ кои ќе ви кажуваат што да правите и како да го одгледувате вашето бебе. Можете да ги прифатите советите, но ако не ви се допаѓаат слободно заборавете ги.
Кога ќе му ја менувате пелената на вашето малечко, може навистина да се изненадите. Материјата што се исфрла од дебелото црево на новороденчето се нарекува мекониум и има црна боја. Ако имате девојче, можно е да забележите и крв во нејзината пелена.
Дали е редовно? Дали е премногу често? Дали треба да има таква боја? Движењето на цревата на вашето дете е добар индикатор за неговото здравје, па немојте да бидете изненадени што само ова ќе ви се врти во главата.
Дури и кога навистина ќе се подготвите, првото бањање на бебето може да биде вистински тест за вашата трпеливост. Кога е влажна и со сапуница, меката бебешка кожа станува навистина лизгава. Немојте да се плашите, и слободно побарајте помош. Четирите раце подобро ќе го искапат малиот човек.
Без разлика дали ќе одберете формула наместо да го доите бебето, или пак ќе го однесете во градинка, големи се шансите да се чувствувате виновно. Дури и ако сте најдобриот родител, вината е неизбежна. Постојано ќе се сомневате во себе и ќе се обвинувате за вашите одлуки.
Кожата на вашето бебе нема секогаш да биде мазна. Акните кај бебињата се честа појава бидејќи нивните мали пори се изложени на многу нечистотија и отрови. Се разбира, немојте да ги чепкате акните на вашето дете и секогаш консултирајте се со лекар.
Често се случува на бебињата да почне да им паѓа косата. Дури и ако се родени со многу густа коса, нормално е да падне дел од неа, особено на тилот бидејќи најмногу време поминуваат во лежење.
Сигурно очекувате постојано да перете бебешка облека. Но вистината е дека и вие ќе ја менувате облеката неколку пати на ден. Протекување на млеко, ноќно потење, повраќање… сето ова завршува на вас.
Ако размислувате да вложите многу пари за бебешка опрема, како колички, монитори, високо столче и слично, немојте. Сето ова ќе го користите многу краток период бидејќи бебињата растат многу брзо. Подобро вложете во нешта кои знаете дека ќе ги користите подолг период.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Колку вода да пиете додека сте бремени?
Предлогот за пиење вода за време на бременоста е околу шест до осум ча...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?