|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Зошто семејството е добро за здравјето?

Редакција Рингераја, 3.1.2012
По коментарот на баба Ви дека веќе треба да сте во брак, или по забелешките на тетка Ви за Вашата тежина, лесно е да се заборават добрите страни на семејниот живот. Но ако ги занемариме ситниците семејството е вистинско богатство.

image
/11


 

 

Семејството е многу повеќе од заеднички ручеци и празници. Семејството влијае одлично на менталното и психичкото здравје и тоа на многу начини.

Семејството е многу важно за растот и развојот на децата, вклучувајќи во животниот елан и брзината со која учат, вели Др. Бен Сигел, педијатар од Бостон. Децата кои се поврзани со членовите во семејството многу помалку ќе западнат во лошо друштво и во далеку помал процент ќе се оддадат на дрогата, ќе бидат подобри ученици, па дури и подобри возачи. Но најважно од се е што цврстите семејни врски ќе им помогнат на младите подобро да ги надминат стресните ситуации и полесно да ги пребродат тешките моменти.

Значи, ако сте добиле отказно решение од работа, или лечите скршено срце, а сеуште добро се држите, заблагодарете му се на Вашето семејство.

Еве уште неколку причини зошто семејството Ве прави поздрави и посреќни:

 

Заедничките оброци не прават поздрави

Една статија во магазинот Pediatrics открива дека децата и тинејџерите кои најмалку три пати неделно ручаат заедно со семејството, помалку ќе бидат склони на дебелеење, ќе јадат поздрава храна и ќе имаат помал ризик да развијат пореметувања во исхраната. Освен тоа, едно истражување на Харвард покажало дека во времето поминато на заедничкиот ручек, кај децата најмногу се развиваат говорните вештини.

 

Сестрите не прават посреќни

Лицата кои имаат сестри имаат поголема шанса да бидат посреќни, помалку се подложни на стрес, по оптимистички гледаат на животот, подобро се справуваат со проблемите. Научниците претпоставуваат дека тоа е така бидејќи сестрите поттикнуваат отворена комуникација и кохезија во семејството.

 

Вклучени татковци – подобри резултати на училиште

Децата, чии татковци активно учествуваат во нивното воспитување и образование, имаат подобри резултати во училиште, подобро поднесуваат стрес и имаат поголема самоконтрола. Од друга страна, децата кои немаат добар однос со татковците имаат поголеми шанси да го напуштат училиштето, бидејќи имаат проблеми во тек на учењето.

 

Луѓето во среќни семејства побрзо оздравуваат

Паровите кои живеат во брачна хармонија побрзо оздравуваат. Паровите кои се несреќни во бракот ќе се излечат 40 пати побавно од оние кои се во добри односи.

 

Татковството го намалува нивото на тестостерон

Откако ќе станат татковци, кај мажите драматично опаѓа нивото на тестостерон. Поголемо ниво на тестостерон значи и поголема доза на агресивност.

 

Заради нежноста на мајките имаме подобар имунитет

Според истражувањето на магазинот Molecular Psychiatry, децата кои имаат грижливи мајки, ќе имаат и подобар имунитет во текот на животот. Имено, испитаниците кои имале добар однос со мајките, имале пониско ниво на протеини, кои се поврзуваат со воспалителни процеси.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Татковци во првите месеци, нивната улога и...
Кога се зборува за новороденчиња, фокусот речиси секогаш паѓа на мајката: нејзиното тело, нејзината исцрпеност, нејзинио...
13
Социјалните вештини на вашето дете
Детето што знае како да се дружи, како да споделува, како да слуша и комуницира, поседува една од највредните животни пр...
3
Стандарди за рано учење и развој
Социјалната, културната, физичката и интелектуалната добросостојба на граѓаните на Р. Македонија, претставуваат генералн...
3
Вежби за правилен изговор на гласовите
Малите деца понекогаш говорат неразбирливо. Колку и да ни е тоа симпатично, доколку не се надминува, треба да посетиме л...
3




Анкета

Независност.
Admin

Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.