|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Зошто ја “закачувате” баш секоја настинка?!

Редакција Рингераја, 23.9.2014
Сезоната на настинки е пред нас и додека среќните ќе успеат да избегнат по некоја, повеќето ќе подлегнат на болеста и тоа од три до пет пати секоја година
Клучни зборови:

image
/11


 

Во текот на животот поминуваме пет години во кивање и кашлање.

Со повеќе од 200 различни типови на настинки, не е изненадувачки што секој од нас ќе “закачи” барем неколку годишно. Вирусот се пренесува со вдишување (кога некој ќе кивне микроскопските честички ќе го најдат својот пат до устата или носот), или со допир.

Силното кивање може да испрати 100.000 вируси до три и пол метра во далечина и само една честичка може да преживее и до 48 часа на кваката од вратата, на далечинскиот управувач или на некоја површина, од каде можете да го добиете вирусот. Доколку често ги допирате носот или устата со рацете, лесно ќе го внесете вирусот во своето тело, кој ќе се размножи, по што ќе почнат симптомите на настинка.

Во првите денови не сте ни свесни дека сте болни, а баш во тој момент сте најинфективни. Како што се размножува вирусот, тој ја напаѓа природната заштита на организмот и слузокожата во носот. Тогаш носот почнува да не иритира и започнува кивањето.

“Вашето тело во желба да го ограничи бројот на вируси кои се множат, ги ослободува клетките на имунитетот, а тоа прави симптомите да се влошат – телесната температура се покачува, со цел да ги убие вирусите, крвните садови се шират, слузницата во носот отекува и го блокира носот, а секретот се собира во градите”, објаснува вирологот Баркли за Daily Mail.

Интензитетот на реакцијата на организмот на вирусот варира од личност до личност, па така на еден вирус нема сите да реагираат исто.

Генетските фактори исто така играат голема улога дали ќе имате висока температура или интензивно кивање на пример. Луѓето кои веруваат дека никогаш не заболуваат од грип се среќни бидејќи нивното тело не реагира бурно на вируси.

И покрај многубројните истражувања, лек за обичната настинка не е пронајден.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Топ 5 правила за родители на тврдоглави деца
Секое дете има своја личност, а некои од нив уште од најмала возраст покажуваат силна волја, јасни ставови и непоколебли...
9
Кога би имала еден ден со татко ми...
А на крајот, би му рекла дека пржени јајца за појадок и не е толку лоша идеја и дека ми фали да се смееме иако немаме др...
4
Што е булинг?
Булингот е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, кое не застанува таму, туку продолжува да ...
4
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
4




Анкета

Одвикнување од пелени.
пеперутка16

Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?