vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Моќно железо
Железото е од витално значење за правилен развој на мозокот. Знаејќи дека резервите од овој минерал во организмот на бебето траат шест месеци, треба да се надомести со соодветна храна. Добри извори на железо се: зелениот листест зеленчук (спанаќ, блитва, коприва) и црвено месо (јунешко и јагнешко).
За да се апсорбира што подобро потребен е витамин Ц (портокал, домат). Многу железо има и во интегралните житарици, сушеното овошје и пилешкиот џигер.
“Паметни” јаглехидрати
Мозокот на бебето не одмора ниту кога бебето спие. Тогаш собраните податоци ги претвора во знаење. За да се развива овој процес без проблеми, на мозокот потребна му е многу енергија. Најдобро гориво за работата на мозокот се јаглехидратите, кои се наоѓаат во житариците, тестенините, овошјето и зеленчукот. Избегнувајте слатки јаглехидрати кои се наоѓаат во слатките и колачите.
Силата на протеините
За да се пренесат информациите брзо и ефикасно до мозокот, во исхраната на бебето потребно е да се внесат протеини. Тие се богати со аминокиселини кои содржат неуротрансмитери, без кои размената на информациите меѓу мозочните ќелии е многу намалена. Нашето тело не може да складира протеини, затоа е потребно да се внесуваат преку храна. Затоа во исхраната на детето треба да се воведе боранија, соја, леќа, сите видови месо (освен свинско), бело сирење и јајца и риба.
Неодминлива Б група
За бебињата најделотворни се витамините од Б групата. Нив ги има во интегралниот леб, бананите, житариците, гравот, зелениот зеленчук и млекото.
4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кои вредности е важно да ги научи детето уште од мало?
Детството е период во кој се поставуваат темелите на личноста, каракте...
Промена на вагиналниот исцедок
Вагиналниот исцедок е природен дел од женското репродуктивно здравје. ...
Тестови за овулација. Кога и како да ги направите?
Ако планирате бременост, препознавањето на плодните денови може да ви ...
Што се пореметувања на спиењето?
Спиењето е една од основните потреби на човекот и има важна улога во о...
Четирите фази на менструалниот циклус
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело, кој секој мес...