|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Вештачката интелигенција може да управува и со апаратите за домаќинство во вашиот дом

Represent Communications, 19.4.2024
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќинството имаат функции напојувани од алгоритми за машинско учење и вештачка интелигенција. И веќе секој дом, во поголема или помала мера е паметен дом

image
/11


Додека вештачката интелигенција навлегува во секој сегмент од живеењето, примената на оваа технологија незапирливо се шири и станува дел и од секојдневните уреди. Ако ги ставиме настрана паметните телефони во кои веќе апликациите со вештачка интелигенција се нормална работа, можеме со сигурност да потврдиме дека таа е проширена и во другите делови од секој дом, со што се отвораат низа нови интересни прашања.

На пример, дали вештачката интелигенција може да ви помогне при складирањето на храната? Секако, а за таа намена, Samsung тукушто лансираше нови фрижидери се издвојуваат по својата функционалност, естетика и високиот приоритет на заштеда на електрична енергија.

 

Паметно складирање храна 

Иновативен дизајн и многу повеќе простор за складирање храна овозможува  фрижидерот со замрзнувач RB6000D . Режимот AI Energy Mode во апликацијата SmartThings заштедува до 15% енергија, а покрај тоа што ја одржува храната посвежа подолго време, обезбедува и заштеда на сметката за електрична енергија. Вештачката интелигенција кај овој фрижидер придонесува тој да биде ефикасен и при одмрзнување, регулирајќи ја температурата врз основа на претходните шеми на употреба и условите во околината. Изработен е од најнови материјали, но и покрај тенките ѕидови, тој има совршена изолација со помош на технологијата SpaceMax™.  Како опција за поголем фрижидер e моделот  RF9000 со T Style француска врата и Beverage Center кој се издвојува како идеално решение за големи семејства кои бараат ефикасно ладење на големи количини храна. Овој фасцинантен уред содржи и Beverage Center™ за подготовка на пијалаци, со чија помош е можно да се подготват освежителни пијалаци или вода со вкус. Со функциите SmartThings Energy храната останува свежа долго време и на тој начин се зачувува нејзиниот природен вкус и мирис. Со помош на тројното ладење, ладен воздух се испорачува до три прегради во фрижидерот и замрзнувачот. Фрижидерот одржува оптималната температура и влажност во секоја од преградите и осигурува храната да не привлече други мириси.

 

frizider

 

ВИ асистент во машината за перење алишта

Примената на вештачка интелигенција е присутна и за перењето и сушењето на вашите алишта. Иако основниот дизајн на машините за перење доживува само помали промени, сепак функционалностите на новите уреди за оваа намена се навистина понапредни. Целта на производителот е секогаш иста - како да обезбеди совршено чисти алишта со што помала потрошувачка. Едната насока е технологијата и дизајнот на компонентите што ја вршат работата, а другата е надградба со паметни функционалности кои ќе овозможат поефикасна работа. Технологиите Samsung AI Ecobubble и AI Wash го прават токму тоа, овозможувајќи поефикасно перење.

Моделите како  машините за перење WW8400 и WW7400, обете со предно полнење со SmartThings AI Energy Mode и А-40% екстра енергетска ефикасност,  ги олеснуваат дури и најсложените домашни работи, со капацитет за перење до 11 килограми алишта.

Со технологијата Ecobubble, овие машини за перење темелно ќе ги исперат алиштата во ладна вода, додека вештачката интелигенција ќе пресмета колку прашок е доволно, земајќи ја предвид валканоста на облеката.

Со помош на вештачката интелигенција, перењето е лесно и ефикасно, бидејќи вашата машина ги „памти“ вашите навики, предлага соодветна програма за перење и навреме ги прикажува потребните информации. Апликацијата SmartThings, исто така, дава совети за програмирање, креира планови и решава проблеми. SpaceMax™ обезбедува повеќе простор во машината за да можете да перете повеќе алишта, вклучувајќи големи ќебиња и постелнина.

На вештачката интелигенција и се потребни податоци за биде функционално искористена, а колку повеќе податоци има, тоа значи- толку е поефикасна примената на ВИ. Технологијата за перење AI Wash работи на ист начин, користејќи напредни сензори за препознавање на тежината и мекоста на ткаенината и континуирано следење на нивото на нечистотија. Врз основа на овие податоци, AI Wash ја оптимизира количината на вода и детергент. Во исто време, апликацијата ја прилагодува должината на натопувањето, плакнењето и брзината на вртење на барабанот.

 

dom

 

Паметни, но  и убави!

Без разлика дали паметниот телефон е главниот уред во вашиот дом или сепак е телевизорот, , можно е управување и користење на апликации за поединечни уреди преку мобилен телефон, таблет или паметен телевизор Samsung. Функцијата SmartThings ви овозможува да ги следите и управувате сите ваши паметни уреди од едно место. Покрај предностите за поврзување на сите паметни уреди во вашиот дом преку апликацијата SmartThings и управување со нив преку вашиот мобилен телефон, паметен телевизор или таблет, Samsung погрижи и дизајнот на најновиот line-up на апарати за домаќинството да биде беспрекорен и да може да се прилагоди кон секој ентериер. Овие апарати веќе се достапни за продажба кај нас, а повеќе информации за производите можете да прочитате на следниве линкови:

 

Фрижидер со замрзнувач RB6000D

RF9000 со T Style француска врата и Beverage Center

Машина за перење WW8400

Машина за перење WW7400 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интервју со Бени Шаќири: Редовно менувам п...
Бени Шакири помалку спие, но вистински ужива во улогата на татко, која ја има веќе еден месец. Во ова интервју, тој откр...
4
Фотографии од свадбата на Елена Ристеска
Елена Ристеска и Бојан Ивановски синоќа стапнаа на лудиот камен. Во прилог се неколку фотографии од нивната свадбена вес...
3
Зошто спермата е добра за здравјето на жен...
Темата за спермата и нејзиното влијание врз здравјето на жената често пати се заобиколува. Но, зошто? Бројни истражувања...
3
Диета Беверли Хилс
Judy Mazel ја осмисли диетата Беверли Хилс која се темели на замислата дека килограмите можат да се изгубат ако правилно...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?