|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Велигденска плетенка за празничната трпеза

Маја Шогорич, 27.4.2021
Плетенката е значаен дел од празничната трпеза, подготвена е од млечно тесто, кое мора да биде цврсто за да правилно и лесно се исплете.

image
/11


 

За Велигденските празници на празничната маса, покрај останатите јадења, убаво е да подготвите и слатка плетенка.  Плетенката е значаен дел од празничната трпеза, подготвена е од млечно тесто, кое мора да биде цврсто за да правилно и лесно се исплете. Мекото тесто лесно се лепи, додека црвстото полесно се оформува во плетенка.

Не само што е вкусна, Велигденската плетенка е исто така прекрасна декорација за празничната трпеза. Наједноставно е да ја направиме во облик на круг или елипса, но исто така и во форма на срце или цвет – од неколку мали венци. Во плетенката можеме да вметнеме и Велигденски јајца или да ја посипеме со бадеми.

 

Рецепт за Велгденска плетенка украсена со Велигденски јајца.

 

Состојки за тестото:

  • 500 г. Брашно
  • 100 г. Шеќер
  • приближно 2,4 дл. Млеко
  • 1 јајце
  • 100 г. Суво грозје
  • 50 г.кандирана кора од портокал
  • 50 г. Квасец
  • 1 ванилин шеќер
  • малку сол
  • малку путер за печење и премачкување

 

 

Предподготовка

Брашното го ставаме во поголем сад. Во средината правиме дупка, во која ставаме квасец. Истураме млако млеко, додаваме малку шеќер, сето заедно добро го замесуваме. Го покриваме со крпа и го поставуваме на топло место да се крене.

Сувото грозје го миеме со топла вода и добро го цедиме. Кандираната кора од портокал ситно ја сецкаме. Земаме округло тавче и го премачкуваме со путер.

 

Подготовка (времето потребно за подготовка е 45 мин., без пауза)

Го топиме путерот и го оставаме малку да се излади. Го истураме во смесата. Го додаваме остатокот од шеќерот, ванилиниот шеќер и солта, потоа го месиме тестото. Додаваме суво грозје и сецкана кандирана кора од портокал. Се заедно повторно месиме додека не се изедначи смесата и не се одвојува лесно од садот за месење. Го покриваме со крпа и повторно го оставаме на топло место околу 30 минути за да нарасне.

Тестото го ставаме на површина на која претходно сме наросиле брашно. Го делиме на два дела, од кои формираме две ролни, дебели околу пет сантиметри (тестото, може да го поделиме и на 3 дела за формирање на 3 ролни). Од нив правиме плетенка и ја сместуваме во подмачкана тава. Двата краја на плетенката ги спојуваме, за да добиеме форма на венец. Во делови на плетенката каде може да се направат мали отвори вметнуваме парчиња на лушпи од јајце. Ја покриваме плетенката и оставаме 15 минути да порасне

Надојдената плетенка, ја премачкуваме со стопен путер (или јајце) и ја ставаме во загреана рерна до 200 ° C да се пече околу 45 минути.

 

Сервирање

Печената плетенка ја вадиме од рерна и ја поставуваме на тркалезна чинија за сервирање. Ја оставаме да се излади, потоа празните луши од јајце ги заменување со бојадисани Велигденски јајца. Печената плетенка може да се сервира млака или ладна. Велигденската плетенка е вкусна и воедно ја разубавува секоја празнична трпеза.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Знаци на пубертет кај девојчињата и момчињата
Промените во пубертетот почнуваат кога мозокот предизвикува производство на полови хормони. Потоа следат физичките проме...
5
Ортопедски проблеми кај децата
Како што поминува времето, можеби забележувате дека вашето дете не расте сосема според правилата. Кај многу деца се јаву...
4
Што и е потребно на мајката за да не полуди?
Кога секојдневието е исцрпувачко и секој ден се чини дека трае по 30 часа и покрај сета добра волја, на секоја мајка и с...
3
Мајките секојдневно извршуваат по 42 задачи
Скоро половина од задачите мајките ги извршуваат пред девет часот наутро, а 84% од нив ги мачи преголема количина на обв...
3




Анкета

Животните одлуки ги донесувам со помош на???
kikicka

Како вие одлучувате за важни одлуки!!!

Партнерот (63%)

Фамилијата (21%)

Пријателите (0%)

Својата интуиција (16%)


Број на сите гласови: 97

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!