|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Утре – појава која се гледа само еднаш во животот!

Редакција Рингераја, 5.6.2012
Во среда, 6. јуни околу 1 час по изгревањето на сонцето ќе имате прилика за последен пат во животот да видите и снимите ретка астрономска појава – преоѓање на Венера преку сончевиот диск.

/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Доколку медицината во следните неколку децении не успее значајно да го продолжи животниот век, или ако не се замрзнете за некое идно време, тогаш во среда, 6. јуни околу 1 час по изгревањето на сонцето ќе имате можност за последен пат во животот да видите и снимите ретка астрономска појава – преоѓање на Венера преку сончевиот диск.

Следен пат од Земјата оваа појава ќе се повтори во 2117 година, односно за 105 години. Од времето на Галилеј до денес е видена само 7 пати, а последен пат се случи на 8. јуни 2004. година.

Транзитот на Венера е појава слична на помрачувањето на сонцето, само што Месечината го прекрива целиот диск на нашата матична ѕвезда, а Венера иако е поголема ќе прекрие незначаен дел бидејќи се наоѓа многу подалеку од нашиот природен сателит.

Транзитот на Венера има големо научно значење бидејќи се користи за точна проценка на димензијата на Сончевиот систем. Така англиските астрономи Jeremiah Horrocks и William Crabtree врз база на првото набљудување на оваа појава во 1639. година, со помош на принципот на паралакса прилично прецизно ја пресметале оддалеченоста на Земјата од Сонцето.

Комплетното преминување ќе трае 6 часа и 40 минути, а ќе биде видливо од целиот свет. Доколку не биде облачно, жителите на Северна и Централна Америка, како и северните делови на Јужна Америка ќе имаат можност уште вечерва да го гледаат почетокот на транзитот.

Целиот транзит ќе биде видлив од Источна Азија и Западниот Пацифик, додека Европјаните, жителите на Блискиот Исток и Јужна Азија ќе можат да го гледаат крајот на овој феномен на 6. јуни, при изгревањето на сонцето.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кои вредности е важно да ги научи детето у...
Детството е период во кој се поставуваат темелите на личноста, карактерот и начинот на кој детето ќе ги разбира односите...
6
Дали играта создава поуспешни ученици?
На прв поглед, играта во градинка може да изгледа како губење време, особено кога ќе се спореди со рано учење букви, бро...
5
Осум илјади деца на листа на чекање во гра...
Околу 8.000 деца во Македонија се на листа на чекање за упис во градинка, покажуваат податоците со кои располага Минист...
5
Враснат нокт кај деца
Враснатиот нокт или медицински познат како онихокриптоза е честа појава кај деца која предизвикува непријатност и понеко...
4




Анкета

Име за машко дете
mama_06

Кое име ви се допаѓа најмногу

Марко (32%)

Горазд (10%)

Борјан (29%)

Виктор (29%)


Број на сите гласови: 41

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!