|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Те учам да велиш: фала, не сакам, сакам, љубов, сон, посакувам, можам, знамТе учам никогаш да не велиш: циганин, педер, курва, мразење, болест, секс за една ноќ
Клучни зборови:

image
/11


 

Животот не ми даде прирачник. Сестрите не ми дадоа никакво објаснување само излегоа и рекоа – не дише. Седев во чекалната и се прашував – како е можно животот да не дише? И се застана додека не истрчаа од салата и не викнаа – Честитки! Мајката и девојчето се добро, ќе имате вистински борец дома.

Бегав од твоите пелени. Кога имаше грчеви, знаев да те бакнам и да чекам да поминат. Тогаш следуваа твоите први насмевки, па чекори, па зборови. Па првата кашлица. Првите фотографии и очекувањето – дали ќе излезе се добро кога ќе се развие филмот. Врескање кога треба да се оди во градинка. Јадеше Кики бонбони кои ти се лепеа за забите па, не водејќи сметка дали ти се чисти рацете, правеше најсмешни фаци. Никогаш нема да ми биде јасно зошто толку многу го сакаше цртаниот филм Чудесната шума, чиј крај секогаш го исплакуваше. Или кога бараше да те запишам на курс по летање, за да можеш да се дружиш со Петар Пан.

Се уште слушам како шушка целофанот во кој се завиткани каранфилите за твојата учителка. Слушам како чкрипи моливот, додека се учиш да пишуваш. И звукот на брановите додека се обидуваш да запливаш сама. Прво ќе се напиеш малку вода, ќе се засркнеш и ќе се завртиш накај мене за да ми кажеш – Ова не беше добро, одиме на следниот. И како се смееш додека сладоледот ти тече по белиот фустан. Никогаш не знаеше да носиш бело без да се исфлекаш. Но знам дека еднаш ќе успееш, кога оној вистинскиот ќе ти го зграпчи срцето.

Те гледам како  глумиш дека паѓаш во несвест на училишната приредба, бидејќи си го заборавила текстот.  Ти аплаудирам за снаодливоста.

Те слушам како и приговараш на баба ти дека не е подобна да те советува бидејќи не излегува од дворот, од провинцијата. Тогаш таа ќе ти раскаже како дедо ти ја украл од дома и дека засновала семејство со една унечка на точки.  Ја прегрнуваш и и ветуваш дека ќе напишеш крими-роман за нејзиниот живот.

Те учам да велиш: фала, не сакам, сакам, љубов, сон, посакувам, можам, знам.

Те учам никогаш да не велиш: циганин, педер, курва, мразење, болест, секс за една ноќ.

Знам дека се досадуваше кога ти објаснував зошто е клише да се глуми Буковски во втор клас гимназија. Дека тетоважите се минлива мода. Дека алкохолот не се пие на екс, туку во него се ужива. Дека не ти се потребни опијати за да пишуваш.  Дека е доволно да чувствуваш за да пишуваш.

Бев тука со тебе и за тебе. Се борев и те учев да се бориш сама. Да не бидеш кршлива принцеза. Да бидеш мангуп и принцеза во едно.

Имам да ти кажам дека сум горд во каква личност порасна.

Имам да ти кажам дека треба поредовно да спиеш, да јадеш овошје и помалку да пушиш. Да не излегуваш со мокра коса на улица. Да го откачиш секој кој те повредил.

Знам дека ти недостасува да го одложам оружјето, да те прегрнам и да ти шепнам: “Ќерко, овој фраер ти е супер. Мене ми недостасува тоа уште повеќе бидејќи има многу работи, обични и секојдневни, со кои сакам да ти досадувам”

За крај, секогаш труди се да ја исполниш својата приказна и оди само напред и нагоре. Тоа се двата дозволени правци.

И прегрни ја мајка ти понекогаш.

 

Извор

Фотографија: weheartit.com

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Внимавајте што посакувате, може да Ви се и...
Еден ден, еден човек влезе во еден ресторан, во придружба на огромен ној...
5
Нова епизода на „Кој кого расте“
Недела на 26.05.2013 во 10.20 часот повторно на Телма телевизија, следете ја новата епизода на тема: Деца и миленичиња
4
Работи кои не треба да им ги забранувате н...
Психолозите веруваат дека поставувањето граници го прават детето да се чувствува многу заштитено и спокојно. Сепак, неко...
4
Ортопедски проблеми кај децата
Како што поминува времето, можеби забележувате дека вашето дете не расте сосема според правилата. Кај многу деца се јаву...
4




Анкета

Cтомачни.
пеперутка16

Една моја познаничка беше бремена 3 месец и правеше стомачни, а знаеше дека е бремена. Дали правевте стомачни кога бевте бремени, или сега додека бевте бремени?

Да. (0%)

Да, додека не дознав дека сум бремена. (0%)

Не. (50%)

Не ми падна на памет. (50%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!